Црвено жолто зелено
на сите по малку разделено.
Многу витамини има.
Се јаде и во лето и во зима.
И оваа година во нашето училиште се изведе есенски панаѓур посветен на јаболкото а се со цел да се подигне свеста кај нас децата за важноста од здравата исхрана. За оваа активност несебично се вклучија и нашите родители и со нивна помош успеавме да направиме убави и вкусни пити и колачиња од јаболка кои ги изложивме на нашите шдандови за продажба.
Веќе е готова нашата рамка за сликање, штандот ни е подготвен и убаво украсен, питите и слатките со јаболка се поставени па предлагам да направиме мала прошетка и да се запознаеме со сите активности.
Врие како во кошница!
Измешани емоции на радост, задоволство, среќа. На штандовите изобилство од вкусни пити со јаболка, шеќерни јаболчиња, колачиња во форма на јаболка.....
Горди се децата но горди се и мајките и бабите кои со големо задоволство се приклучија кон оваа акција и ги споделија своите вкусни рецепти. Му дозволија на малите и вредни рачиња да се смешаат во нивната кујна.
Еве сме и ние. А тука се и нашите родители за помош.
Се слушаат задоволни извици. На лицето на нашиот Мики се гледа најголемо задоволство.
-Наставничке! - Ни цути бизнисот! - весело извика Мики, што пак предизвика смеа кај сите присутни.
И пред да се спуштиме во фотографска акција да ја искористиме нашата есенска рамка за да го овековечиме овој момент.
Спомени од минатогодишниот панаѓур.
|