содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-04-25, 8:42 AM



 

МРАВКАТА ШТО САКАШЕ ДА ОДИ НА УЧИЛИШТЕ

Пристигна 1ви септември. Училишниот двор повторно заживеа. Се слуша детска смеа и џагор. Училишното ѕвонче радосно го одѕвонува секој почеток и крај на часовите. Недалеку од училиштето до училишната ограда во мравјалникот живееше малата мравка. Секој ден ги гледаше учениците како одат и се враќаат од училиште. Малата мравка посака да стане ученик. Таа си ја зеде училишната чанта и тргна кон училиштето.

На влезот од училиштето ја запре чичко Мартин.

Чекај малку, мравке! Каде си тргнала? Ти не можеш да влезеш во училиштето, затоа што не си ученик.

Знам, знам, но и јас сакам да станам ученик- рече малата мравка - сакам да учам, да раскажувам, да пеам како децата.Ве молам. Пуштете ме во училиштето!

Ама ти не си дете- ја убедуваше чичко Марти- ти си мравка.

Знам! Знам! - плачливо зборуваше мравката.

Немој да плачеш, ти можеш да им бидеш учителка на децата! Вие мравките по цел ден работите, собирате храна, го чистите мравјалникот, си помагате една на друга и сложно живеете. Децата треба да учат од вас. Еве јас ќе ги пратам Сара и Матеј да те испратат до твојот дом а ти биди им учителка и научи ги се за вас.

             

Мојот дом е блиску до вашето училиште, но треба да знаете дека ние не живееме во стан или куќа како вас. Нашиот дом е под земјата се вика мравјалник. Знам, знам - одговори Сара- имам дома енциклопедија за животинскиот свет, прочитав и за вашите колонии но незнам како изгледа мравјалникот од внатре?

 

 

          
Тоа е барем лесно Сара. Ќе ви дадам од волшебниот напиток кој ќе ве смали колку една мравка. А потоа се знае влегуваме во мојот дом. Но, како ќе се вратиме потоа? - зачудено а и по малку исплашено праша Матеј. Што ако после не пораснеме? Јас не сакам да бидам мал засекогаш! - негодува повторно Матеј.

Кога ќе посакате да се вратите назад повторно ќе се напиете од истиот напиток и оп ете сте пак големи! - го  утеши мравката.

 

           Нашите домови се подземни тунели кои ни служат како засолништа од непријателите.Некогаш како дом ни послужуваат и трули стебла. Најчесто домовите ги правиме во листопадни и зимзелени шуми, но може и во вакви места како што е нашиот дом.Тунелите ги копаат матиците. Во мравјалниците можат да живеат и до 250 000 мравки.Доколку не нападне непријател тогаш сите заедно го браниме нашиот мравјалник. Сега следете ме, ќе ве однесам кај нашата кралица, таа ни е најглавната во нашиот дом.

 

 

Јас сум кралица или уште матица.Јас сум единствена плодна женка што несам јајца во овој мравјалник. Сите други мравки се грижат за јајцата да можат да имаат добри услови за да се изведат во мравки. Не сите јајца подеднакво се хранат. Некои јајца мравките работнички ги хранат подобро и ги негуваат и од нив се изведуваат идните кралици, а од другите јајца -мравки работнички. Во нашиот мравјалник има три касти или тоа се три видови на мравки кои имаат различна задача а сепак сите заедно допринесуваат за мравјалникот. Јас сум најглавна МАТИЦА, потоа се мажјаците кои ме оплодуваат мене, а нив лесно ќе ги препознаете бидејќи имаат крила. Времето кога ме оплодуваат го викаме свадбен рој и е во лето. Набрзо после оплодувањето мажјаците мравки умираат. 

А мравките мажјаци само вас ве оплодуваат? - праша заинтересирано Сара.

Не, не само мене. Во летниот период во тие свадбени роеви има и машки и женски мравки. Сите тие имаат крила. Кога мажјаците ќе ги оплодат женските мравки набрзо потоа умираат а од оплодените женки настануваат нови матици кои си основаат мравјалници.

И последни се работничките, тоа се бескрилни неплодни женки кои ги извршуваат сите задачи во заедницата од собирање на храна  до одбрана на мравјалникот.

Една матица може да живее од 10 до 40 години, додека работничките мравки само 4 месеци.

Многу ме интересира како тоа вие се изведувате од јајца.

 

Ова е нашата училница. Тука учиме како да се прехраниме, како да се одбраниме, како треба да ги слушаме постарите, да си помагаме... Тука учиме се за нас. Еве оваа недела учевме за нашите роднини.Замислете имало црвенo - кафеави шумски мравки, црни градинарски мравки, фараони мравки кои најчесто ги има и по вашите домови оние  кои ги собираат трошките под масите, мравка -булдог за која се знае дека има фатален убод за кој нема против отров, мравка-куршум што го причинува најболниот убод со траење на болката цели 24 часа, мравки војници кои заедно со мравката -булдог спаѓаат во најопасните мравки. Тие секогаш напаѓаат заедно а на број можат да бидат и до 700 000 па така за само неколку часа можат да изедат еден див коњ. Нивните силни вилици домородците во Јужна Америка го користат за лекување на рани.

Значи вие мала мравко немате достојни непријатели од кои би се плашеле? - праша Матеј.

Не,  не, имаме и ние непријатели, птиците, поголеми инсекти од нас, а најголем непријател ни е овој мравојад. Ако е многу гладен во текот на денот може да изеде и до 30 000 мравки. Тоа го прави мошне лесно со својот

1 метар долг,танок и леплив јазик. Долг е околу 2,5 метри со дебела и долга опашка.

A како вие знаете кога доаѓа мравојадот кога немате уши? - се зачуди Матеј

Точно Матеј ние немаме уши но собираме вибрации преку сензорите кои се во нашите нозе. Знаете ли вие дека ние мравките сме најумниот инсект?! - важно го кажа тоа малата мравка. Замислете си во нашата малечка глава има 250 000 мозочни ќелии.

 

Веќе е доцна Сара! - се загрижи Матеј.  Ако не се вратиме  во училиштето и ние ќе станеме најбараните деца во целото училиште и населба! Време е за волшебниот пијалок и да се вратиме во нашето училиште. Сигурно веќе досега се загрижиле нашите другарчиња и наставничката. Така е Матеј. Збогум мала мравко! Чичко Мартин беше во право. Навистина од вас мравките може многу да се научи. И како што е редот за да се сеќаваш на нас, јас и Матеј ќе ти подариме книга во која главна ќе бидеш ти - се пофали Сара.

кликни на книгата

ШТУРЕЦОТ И МРАВКИТЕ

Тогаш и јас имам еден подарок за вашето одделение. Но ќе ми ветите дека ќе го ставите да стои во вашата училница да ве потсетува на нас секогаш кога е потребно.

Подарокот од малата мравка.

 

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

                                    

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz