содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 73

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Monday, 2018-07-23, 8:30 PM



                                                                   Здраво деца!           

Само што не започнал часот по природни науки. Денес нашите другарчиња ќе имаат вистинска авантура! Ќе се возат со нашиот Ромобил! Сте виделе ли некогаш такво летало? Е па ајде тогаш со нас и вие да се возите со него! Но прво да видиме каде ќе патуваме!

Еве ова е местото каде ќе патуваме со нашиот Ромобил. Ова е нашата планета Земја. Но ние нема да летаме над неа, ние ќе патуваме низ неа, денес ќе патуваме во центарот на земјата.

Погледнете ги нашите другарчиња! Веќе се наредени и влегуваат еден по еден во ромобилот. Ене ја малата Мерлиса, тука е и Андреј а Даниел денес ќе има најважна задача ќе го вози ромобилот. Повелете и вие има место за сите!!              

                   

Ете така сите се во ромобилот, па драги деца време е да го започнеме нашето патување. Ајде Даниел  уклучи ги моторите!!!

                                                            

Додека нашите другарчиња патуваат до центарот на земјата еве нешто што треба да го знаете за нашата планета Земја. Однадвор таа е тврда и цврста. За да стасаат децата со ромобилот до центарот на Земјата ќе патуваат во длабочина 6 400 км (шест илјади и четиристотини километри). На секои 100 км температурата ќе им се зголемува за 30 степени. Но не грижете се нашиот ромобил има заштитна маска која ќе ги штити од жештината. Но затоа пак карпите од големата температура постепено ќе почнат да омекнуваат. Така децата прво ќе ги видат како омекнуваат и стануваат меки како пластелин. Колку подлабоко влегуваат ќе ги снемува карпите но затоа ќе се сретнат со течна црвено портокалова густа каша која е составена од најразлични тешки метали.

 

                      

Ајде повторно  да го слушнеме бувот Бимбо што има да ни каже:

            

Време е да излеземе од оваа жешка каша.

Нашиот ромобил не ќе може повеќе да не штити од оваа голема жештина. Даниел пронајде пукнатина низ која ќе можеме да излеземе.

                        

Маја и Вили тоа не е  пукнатина туку се вика ВУЛКАН. А жешката каша не се вика каша туку МАГМА. Оној дел од  магмата кој  ќе  излезе на површината на земјата се вика ЛАВА. Еве ви пример:

                                                                      

Оохохоооо!!!!! За малку ќе не удреше карпа. Знаете ли дека вулканите исфрлаат од себе лава  (стопени карпи) големи колку една куќа! И не само тоа од нив излегува чад и пепел кои се штетни за живиот свет. Кога вулканот ќе почне да исфрла од себе лава, чад и пепел значи дека настанала ЕРУПЦИЈА или тоа се вика експлозија.

Сега сме во светот на вулканите. Со нашиот ромобил ќе се посетиме неколку вулкани. Тие ќе ни кажат нешто за нив.

 

 

Треба да знаете дека секој вулкан има отвор кој се нарекува КРАТЕР низ кој тече лавата. Постојат активни вулкани од кои постојано истекува лава и има ерупции и заспани вулкани кои подолго време немале ерупции.

 

Направивме мала пауза за да ги растегнеме нашите нозе, но во исто време искористивме да истражуваме наоколу. Младите научници имаат задача да истражат какви карпи постојат околу вулканите. Тие се познати како ЕРУПТИВНИ КАРПИ. Такви се ГРАНИТОТ и БАЗАЛТОТ.

 

 

Повторно сме во нашата училница. Време е да покажете што видовте и научивте!


Од нашата работилница!

 

 

 


/vulkan/vulkan.pdf                 

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  July 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz