Еден ден во градската библиотека
НАЈУБАВАТА КНИГА.
Од книгите луѓето црпат знаења од секоја област, се запознаваат со различни области, култури, си го збогатуваат речникот. Библиотеката е место каде што луѓето можат да пронајдат и да позајмуваат разновидни и најубави книги! Во библиотеката не се купуваат книги, туку се позајмуваат, и истите откако ќе се прочитаат се враќаат во иста состојба како што се земени. За да позајмиме книга треба и да се зачлениме. Библиотекарот за таа цел ни издава членска карта на која се запишуваат книгите кои ги позајмуваме. Ако не си зачленет во библиотека, тоа треба да го сториш што поскоро! А за оние кои веќе се зачленети еве им една задача: во својата тетратка запишувајте си ги сите книги кои сте ги позајмиле и прочитале, запишете ги нивните автори и моментите кои ви биле највпечатливи во прочитаната книга.
Еве сме и ние во посета на градската библиотека Борка Талеска - Прилеп. Се дружевме со книгите. Колку многу книги на едно место!!! Сликовници, детски списанија, книги за нашите постари братчиња и сестри, имаше и компјутери.
Овој чичко на сликата е директор на библиотеката.Едина беше нај љубопитна, а библиотекарот одговараше на нејзините прашања. Еве овде на пример и објаснуваше дека книгите можат да се пребараат со помош на компјутерот кој е поставен во библиотеката.
Да не заборавиме дека во библиотеката има посебен простор ЧИТАЛНА каде малите читатели можат во тишина да читаат и да се дружат со книгата. И секако најважното да се зачлениме и да станеме најдобри другари со книгите!
И ние прочитавме книги. И не само што прочитавме можеме да се пофалиме дека пробавме и да направиме книги!
Лектири за второ одделение: Лектири за трето одделение:
Зоки Поки - О. Николова Доктор Офболи-К. Чуковски
Грдото пајче - Х.К.Андерсен Сон на тркала - С. Тарапуза
Лилав Пилав - В.Полазаревски Рибарот и рипката - А.С. Пушкин
Македонски народни приказни- Избор Мице и волшебното самарче - В.Неделковски
Гатанки и прашанки - Избор Песни- В. Куновски
Снежана и седумте џуџиња - Б. Грим Приказни по телефон - Џ. Родари
Надуенка - К. Донев Сказни од балканските народи - Избор
Ономоно-Дономоно- Група автори Река од зборови - Д. Бисет
Раскази - Л.Н.Толстој
Лектири за четврто одделение Лектири за петто одделение
Пинокио- К.Колоди Пајажината на Клементина - Е.Б. Најт
Двојната Лота - Е. Кестнер Епски народни приказни - Избор
Пипи долгиот чорап- А.Линдгрен Мери Попинс - П.Траверс
Орхан -Н. Зекирија Малиот принц -А.С. Егзипери
Модричка тетратка- Б. Смаќоски Златното фенерче на летото-Р. Јовчески
Ѕвездени перничиња - С. Манева Бела грива - Р. Гијо
Лага река не лази - (избор)- Ј. Владанова Таро од земјата на планините- М. Мацутаки
Народни приказни од балканските народи- Избор Итар Пејо - С. Попов
Шеќерна приказна - С. Јаневски Гоце Делчев - В. Николески Маслинови гранчиња - Г. Поповски
|