содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 76

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Sunday, 2019-01-20, 1:16 AM



 

Сте се возеле ли со лифт?

Знам ќе кажете:- Еее кој се нема возено со лифт! Ама јас не зборувам за обичен лифт, јас мислам на  волшебен лифт.Е таков лифт постои во хотелот Метроном. Денес решив да ги прошетам Христина и Адис во хотелот за да го запознаат волшебниот лифт и џуџето  Сребренко!

Ех колку ќе бидат изненадени кога ќе видат кој се е гостин во него. Исто како да ја посетиле Дизниленд - земјата на ликовите од бајките.

Колку чуден хотел? Секој спрат има различно име  милиметар; центиметар; дециметар и метар. Зошто е тоа така? Најдобро ќе биде да го повикам бувот Бимбо да ни појасни.     

Имињата на спратовите се дадени според мерните единици за должина. Распоредени по големина, така милиметарот е прв затоа што е најмал, над него е центиметарот затоа што е малку поголем од милиметарот, во 1 центиметар има 10 милиметри. Потоа доаѓа дециметарот кој е поголем од центиметарот, така во 1 дециметар има 10 центиметри и најгорниот спрат го носи името на најголемата мерна единица на метрото - метар. Во 1 метар има точно 10 дециметри или 100 центиметри или пак 1000 мали милиметри!

                                                                         

            

Христина и Адис се сретнаа со џуџето Сребренко, а се појави и волшебниот лифт! Веќе почнаа да разговараат. Сребренко им кажува како ќе го придвижат лифтот. Христина и Адис мораат да внимаваат и добро да размислуваат зашто лифтот нема да го проработат ако грешат. Јас мислам дека е редно да му се приклучиме  сите ние и да му помогнеме, заедно да ги решават задачите.

Значи ако убаво разбрав за да го движеме лифтот нагоре потребно е да делиме со 10, а за да се движи на долу треба да множиме со 10. Значи треба да ја познаваме таблицата множење и делење со 10.

               

Веќе ги добија и првите задачи! Сега се на катот центиметри треба да се качат на катот дециметри. Значи 200cm потребно е да ги поделиме со 10 и добиваме 20dm. Адис ја реши и втората загатка. Јупиииииии!!! 40cm • 10 = 400mm.

 

Време е да му отстапиме простор на шумскиот учител бувот Бимбо. Добро внимавајте што ќе ви каже!

                           

                

 

Еве неколку примери на задачи  кои ни ги реши Андреј!

              

 

 

За вашата домашна задача!

                       Запомнете не можете да собирате  различни димензии, најпрво претворете во иста димензија (сите во dm, или во  mm, или пак во cm) па потоа собирајте!

 

/lift/proveri_se.pdf

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  January 2019  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2019   Site created in uCoz