И да врне и да вее
и бура да коси
тоа за мене ништо не е
поштар пошта носи!
Капа имам
и на неа стои ПТТ
и на ваша порта викам
ПОШТА ОТВОРЕТЕ!!
Сте ја слушнале ли оваа песничка?
Пее за чичкото поштар. За нашиот чичко поштар. Сигурно се прашувате од каде ми текна сега да ви ја кажувам оваа песничка?
Е па вака:
Денес моите другарчиња учеа како да напишат писмо до своето другарче. Напишаа многу писма.
Но имаа и многу прашања. Како да ги испратат писмото, каде треба да се испрати, каде работи поштарот........
А како најлесно да им објаснам!? Па сигурно погодувате? Ќе го викнам нашиот поштар чичко Даре!
И така се почна.
Ја оставивме нашата училница и се упативме кон работното местро на чичко Даре. Со песна и смеа стасавме пред прилепската пошта. А таму гостољубиво не пречекаа вработените кои не прошетаа низ поштата ни покажаа како треба да се адресира и да се испрати едно писмо.
Како да го адресираат писмото и зошто е потребна поштенска марка и на сите други прашања ни одговори тетка Саша.
Ренато и Дарио ќе ги изненадат своите роднини и пријатели со едно убаво и топло писмо. Адресирано, подготвено, може да се предаде на тетката која работи на шалтерот.
Нека е со среќа! Писмата ги предадовме, сега е ред на чичко Даре, нашиот поштар.