содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 11:31 AM



 

Денес бевме во посета на ЗОО паркот со нашите другарчиња вредните пчелички.

Шетајќи низ ЗОО паркот запознавме нови пријатели.

Ги поканивме да ни бидат гости во нашето одделение. Но ќе треба добро да се подготвиме за пречек затоа што тие не се обични гости, туку се царски гости.

Здраво ние сме Царските пингвини од Антарктикот!

Лесно се препознаваме затоа што сме големи и имаме жолти дамки на главата, вратот и клунот.  Доаѓаме од место каде условите за живот не се многу пријатни. Во зима температурата знае да се спушти и до -50 степени под нулата. Ама затоа ние си имаме начин како да се заштитиме од силниот студ. Живееме во големи групи - КОЛОНИИ-и сме стиснати еден до друг па така се топлиме и се штитиме од студот.

Нашата животна средина се бреговите и морињата на Антарктикот. Ние сме одлични пливачи но и добри риболовци. Се храниме со ситни риби, ракчиња и сипи.

Но треба да внимаваме затоа што ние сме лесен плен на Орка китот - китот убиец- на фоките и моржовите. Па ако се одвоиме од нашето јато во водата лесно ќе се најдеме во устата на некои од овие животни.

А сега малку ќе ви раскажам како дојдовме јас и моите браќа на свет.

Во нашата колонија мажјаците и женките си наоѓаат свој партнер или да ви појаснам  во колонијата мама и тато се запознаваат и зе заљубуваат еден во друг.

 

 

Е! Кога ќе го снесе мама јајцето нашата супер дадилка е таткото. Да, да, не чудете се,  нашиот татко се грижи и не штити  од суровите антарктички зимски месеци.  За  тоа време мама оди далеку во морето и се храни за да собере доволно енергија за нас.

Додека е мама во морето тато е постојано со нас, не не  напушта ниту еден миг. Кутриот татичко толку многу е изморен изгладнет и ослабен.

Дојде време да го напуштам јајцето.

Ми стана многу тесно во него.

А и мама се врати. Кога ќе се изведи  младенчето заличува на мало детенце кое туку што  проодело. Тоа трча,  цивка и довикува: Еве, тука сум! Во нашата колонија ние малите пингвинчиња одиме во градинка.

Ееее! Што се чудите? Па зарем само вие имате градинка!

Додека нашите родители одат по храна колонијата организира еден вид „градинка“ за чување. Хаха се чудите како не препознаваат мама и тато! Па исто како што ве препознаваат вашите родители. Секој пингвин се огласува на свој посебен и единствен начин по кој другиот пингвин го препознава.

 

Јупиии!!! Веќе помина повеќе од половина година а ние сме пораснати доволно големи за да ја напуштиме градинката и да се грижиме сами за себе.

Доаѓа времето кога треба да внимаваме на нашиот изглед.  Како тато што ја освои мама и ние ќе треба да ја освоиме нашата идна партнерка и ете така нашиот животен циклус се повторува во круг.

 

Додека не сме заборавиле да си повториме и да се потсетиме како  се одвиваше нашиот животен циклус.

Од јајце до возрасен пингвин!

 

Нашите вредни пчели денес научија дека постојат животни кои се изведуваат од јајца.

И не само за пингвините тие вредно го проучија и папагалот Ара кој пак живее само во топлите краеви на планетата Земја, каде царува само летото! Па да погледнеме што истражуваа тие денес.

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

 

 

 

                   

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz