содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-03-29, 2:05 AM



Лето е!

На летото му се радуваат сите, но најмногу децата.  Школската година е завршена,  деновите  поминуваат низ игра. Улиците ечат од детска игра, смеа и џагор.

Но најубавото! - Ех, најубавото е кога ќе ги потопат босите ножиња во езерската или морската вода. Така вредните пчелички како и повеќето деца  поминаа неколку дена покрај брегот на Охридското Езеро.  Се сончаа, се капеа, играа на топлиот песок правејќи  кули и замоци, а навечер преморени од летното сонце и езерската вода сонуваа слатки сништа.

И се ќе беше обично и секојдневно ако нивната летна идила не ја промени една чудна случка. Шлапкајќи се во плитката вода Мелиса здогледа шише кое плови по површината. И бидејќи е чистотница и секогаш еколошки настроена заплива за да го земе и да го фрли во блиската корпа за одпадоци. Но, наместо шишето да заврши во корпата, од тој момент започнува една возбудлива летна авантура за вредните пчелички. Тоа шише не беше обично шише. Тоа во себе носеше порака која им го измени летниот одмор на децата. 

 

Се собраа околу него и почнаа да го вадат свитканото парче хартија од него. Сигурно некое другарче од соседната плажа  ни испратило порака или можеби од градот? - гласно си размислуваа Адис и Бисера. Не насетуваа дека во него се крие една голема тајна, тајна за скриено богатство. Кога го отворија парчето хартија сите деца останаа вчудоневидени. Тоа не беше никаква порака тоа беше мапа со некакви чудни знаци, стрелки и бројки.

 

  

Мапата е полна со чудни бројки. Зборува за некакво скриено богатство. Како ќе успееме да ја одгатнеме?

Јас знам кој ќе ни помогне да ја одгатнеме, но зарем не е лето?! Повторно ќе се вратиме во школските клупи?- негодуваше Вили.

 

Не мора да се вратите во школските клупи. Можеме  и овде на песочната плажа да ги објаснеме  тие чудни бројки, квадратчиња и стрелки на мапата. А потоа многу лесно да тргнете во освојувањето на скриеното богатство.

Најпрво да објаснеме што преставува координатниот систем. Мало потсетување поврзано со позитивните и негативните броеви можете да најдете на следниот линк.

http://vrednipceli.ucoz.com/index/vrednite_pchelki_se_zapoznavaat_so_negativnite_broevi/0-55

 

За работа со координатен систем потребни ни се линијар или триаголник .

Во овој дел ќе се запознаеме кои се основните елементи на координатниот систем: Координатни оски,  координатен почеток и рамнините кои се формираат кај координатниот систем.

 

Да разгледаме што се тоа координати или подреден пар и како се читаат за да можете полесно да се движите по мапата на скриеното богатство.

 

Во било која од четирите рамнини можат да се наоѓаат многу точки. Секоја точка запишана во некоја од рамнините е определена со координати или подреден пар на броеви кои се наоѓаат на оските Х и У.  Подредениот пар може да биде само од позитвни, само од негативни или мешано од позитивни и негативни броеви. А  тоа зависи во која рамнина се наоѓа точката.

И на крај да се запознаеме со ТРАНСЛАЦИЈАТА!

ТРАНСЛАЦИЈА!?!?!

Поврзете ги точките и нивните слики. Истражете што добивте!

Спремни сме за нашата авантура!

 

На следниов линк ќе можете да се вклучите и да им помогнете на малите гусари да го пронајдат скриеното богатство. Внимавајте на пораките и следете ги упатствата на волшебникот. Ви посакувам многу среќа!

/koordinati/prezentacija/malite_gusari_vo_potraga_na_skrienoto_bogatstvo.ppsx

 

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА

 

 

 

 

 

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  March 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz