содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 10:26 AM



                           

Секој си има ден кога нешто слави.

Некој слави роденден, некој слави именден некој го слави првиот ден од поаѓањето во училиште а скоро сите го славиме денот кога ја испраќаме старата и ја дочекуваме новата година. Секој слави на свој начин. Некој со песна, некој со игра. Така и татковината си има денови кога слави. Слави многу празници во годината. Секој празник си има свое значење и начин на славење.

 

Еве на пример јас познавам неколку празници кои ги слави нашата татковина. 11ти Октомври Денот на востанието, 8ми Септември Денот на независноста на Република Македонија, 1виМај Денот на трудот......  Кога се прославуваат овие празници прославува целото население во Република Македонија.

 

Овие празници се уште државни празници. Кога се слават државните празници насекаде се истакнати  државните знамиња, се пее химната, се одржуваат најразлични натпревари, приредби и манифестации.

 

Но треба да знаете дека нашата татковина е мултиетничка

Тоа значи дека во неа живее население кое припаѓа на различни религии. Така постојат и празници кои се слават според религијата или уште ги викаме верски празници. Во нашата татковина населението најмногу припаѓа на христијанската и муслиманската религија. Така населението кое припаѓа на христијанската религија си ги слави христијанските верски празници Божиќ, Велигден...

Додека населението кое припаѓа на муслиманската религија си ги слави муслиманските верски празници како што е Бајрам.....

 

Денес одлучивме да ве однесеме во училницата на вредните пчелички, да погледнете како тие си ги прославуваат верските празници. Од нив ќе научите дека разликите не треба да не разделуваат туку уште повеќе да не зближуваат, ќе научите колку е важно да го почитувате вашето другарче кое припаѓа на поинаква  религија од вашата.

Христина и Мелиса се најдобри другарки. Заедно учат во трето одделение. Нив не им пречат разликите, тие сметаат дека нивните разлики повеќе ги зближуваат. Денес ќе ни бидат наши домаќини и ќе ни раскажат како тие ги слават верските празници!

 

Во нашата училница се слават и Бајрам и Велигден. Пред да ви покажеме како ги прославуваме редно е да кажеме по нешто за секој од нив. Па вака.......

                                                         

                            

 

                             

 

 

                          

 

    А сега ве покануваме во нашата училница

 

 

                       

                       

РАЗЛИКИТЕ ТРЕБА ДА НЕ ЗБЛИЖУВААТ И СПЛОТУВААТ!

СВЕТОТ КОЛКУ Е ПОРАЗЛИЧЕН ТОЛКУ Е ПОУБАВ!

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz