содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 74

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2018-11-15, 1:00 PM



Чудно!?! 

Денес е нешто многу тивко во училницата на вредните пчелички. Што ли се случува.?

 

Морам да проверам што прават! Во нивната училница секогаш се слуша џагор и смеа.

Имаат математика, Се прашувам ако имаат математика зошто тогаш на таблата нема бројки туку има толку многу букви? Зошто толку многу се задумани и внесени во своите тетратки моите пчелички?  Адис постојано нешто пишува и бриши. Бисера и Едина си дошепнуваат нешто. Лејла постојано подгледнува во тетратката на  Алдин. На Анела се нешто не и е јасно. На таблата пишува ПРОБЛЕМСКИ ЗАДАЧИ!

Маја  ја читам задачата ама навистина ништо не разбирам!

И јас Вили!  Мислам дека е време да повикаме помош!

Ќе се јавиме во училиштето за пчели.

Тие ќе ни помогнат и нам и на нашите другарчиња.

 

 

Еве сме по втор пат со вас. Се надевам дека ќе ви биде интересно како минатиот пат. Па да видиме што ве измачува?

Не измачуваат овие претешки задачи. Не туку така се викаат проблемски задачи. Навистина ни се и нам и на вредните пчели голем проблем.

Хаха! Не грижете се. Јас и Мики ќе ви покажеме како големите проблеми стануваат проблемчиња. Многу лесно ќе разберете како да ги решавате па ќе ви станат интересни  и омилени задачи. Но пред па почнеме со решавање на вашата задача ќе решиме неколку задачи кои ги решаваме во нашето училиште.

Првото правило кое важи за проблемските задачи е да знаете добро да читате. Доколку не читате правилно нема да успеете да го разберете проблемот или ќе го протолкувате погрешно.

Кога ја читате задачата подобро е ако ја прочитате повеќе пати и да ја анализирате  постапно. Повеќето од вас ја прават истата грешка, кога го читаат проблемот читаат со прескокнување или механички и веднаш се фокусираат само на видливите броеви односно броевите кои се запишани со цифра, без да внимаваат на останатите податоци, па така или погрешно ја решавате задачата или уште на почетокот се заплеткувате во проблемот и не умеете  да го разрешите.      Во наредниве примери јас и Мики ќе ви покажеме на што треба да внимавате кога решавате текстуални задачи и како да ги откривате скриените податоци. Па да почнеме!

Еве ја првата задача.

Сега заедно да ја анализираме задачата дел по дел.

 

 

Ова беше првиот чекор на решавање на задачата. Сега одиме на вториот чекор.  

 

Кога веќе ги определивме сите податоци сега можеме да преминеме на решавање на задачата.

 

 

Внимавајте! Кога ќе ја решите задачата  на крај задолжително дадете одговор на поставеното прашање. Во оваа задача прашањето беше- Колку вкупно семејства летувале во двата хотела? Одговорот ќе биде: Во двата хотела летувале вкупно ..... семејства.

 

Да ја разгледаме втората задача. Најпрво добро прочитајте ја.

Сега можеме да преминеме на следниот чекор.

 

 

Кога веќе ги запишавме сите податоци следно што правиме е поставување на податоците со математички операции. Кога веќе ги спомнуваме математичките операции треба да внимавате на нивниот редослед - операции од прв ред, од втор ред.

За оние кои заборавиле кои се математички операции од прв и од втор ред, кој е редоследот на решавање на математичките операции нека се потсетат овде:

http://vrednipceli.ucoz.com/index/lejla_i_matematichkata_mashina/0-33

 

 

 

Треба да знаете дека до решението можете да дојдете по различни патишта но решението е едно.Некои од вас  задачата ја решаваат со бројки и математичко поставување на проблемот, некои полесно го совладуваат проблемот преку игра исто како во претходниве примери. Секој од вас треба да го решава проблемот онака како му е најлесно но крајниот резултат треба да биде ист кај сите вас. 

 

 

 

 

А сега да преминеме на вашиот проблем кој го решававте на часот по математика. Вие ќе ја читате и решавате а јас и Мики ќе ве следиме и помагаме.  Придржувајте се на чекорите кои ви ги посочивме.

 

Првиот чекор од задачата го завршивте одлично. Сега преминете на вториот чекор.

 

 

Навистина е така. Сите имаме различен  начин на решавање но резултатот кај сите ни е ист.

 

 

Мене ми беше полесно преку игра и јас вака ја решив!

 

На крај навистина големиот и страшен проблем се претвори во проблемче.

Хахахах! Да така е! Ама сеуште не е крај. Нешто што многу брзо се учи уште побрзо се заборава. За да не ви се случи тоа вам ќе ви зададам уште проблемски задачи кои ќе треба да ги решите сами.

Од нашата работилница!

 

 

 

 

 

 

 

/problem/tekstualni_zadachi.pdf

/problem/tekstualni_4.pdf

/problem/tekstualni_zadachi_3.pdf

/problem/vesela_matematika_vtoro.pdf

/problem/tekstualni_zadachi1.pdf

/problem/tekstualni_zadachi2.pdf

 

 

 

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  November 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz