содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-19, 8:20 AM



Денес ни беше највкусната математика!

А знаете ли зошто?

Денес во нашата училница на гости ни беше пица мајсторот од Италија - Џепето. Со него не само што научивме да приготвуваме пици, туку научивме и за едни нови броеви, научивме за дропките. Искрено малку беше чуден и смешен како го врти тестото но приготвува највкусни пици на целиот свет.

 

 

 

Ајде да ѕирнеме во училницата на вредните пчели и да видеме како Џепето ги приготвува вкусните пици. Училницата заличила на права кујна, брашно, јајца, вода, сирење,кечап што ли уште не!

Само  какви  се оние чудни бројки кои ги користи Џепето додека ја прави пицата?

 

Не се чуди Вили! Тоа се тие дропки за кои ти зборував.

Денес со нив се дружеа пчелките.

 

Ако за нив учеле пчелките зошто и јас да не се запознаам со нив Маја? - извика Вили малку налутено.

Добро де Вили барем тоа  е најмал проблем - го смири Маја. Само треба добро да внимаваш и да следиш како работат пчелките.

Оние чудни броеви кои изгледаат како да си седат на главата на другарчето се викаат ДРОПКИ.

Дватa броја се разделени со дробна црта која уште го заменува и делењето. Бројот кој се наоѓа под дробната црта се вика ИМЕНИТЕЛ и тој покажува на колку делови сме ја поделиле целата пица. Додека бројот кој е над дробната црта се вика БРОИТЕЛ  и ни покажува колку делови од пицата сме изеле еве на пример јас и ти.

Еве погледни: Ако имаме една пица и таа ја поделиме на 4 дела тогаш во именителот запишуваме 4. Дошле Анела, Даниел и Јусуф и секoj зел по едно парче пица. Што значи се изеле 3 дела од пицата, тогаш во броителот се запишува бројот 3. Добиената дропка се чита: три четвртини.

   Оваа дропка се чита една половина.

 

Треба да знаеш дека како што позитивните и негативните броеви ги преставуваме на бројна низа така дропките можеме да ги преставиме на бројна низа. Еве Даниел се потруди да го направи тоа.

 

 

 

Користејќи ја бројната низа можеме и лесно да ги споредиме дропките кои се преставени на неа. Една четвртина е помала  од две четвртини  од три четвртини и од четири четвртини. А сега Вили редот е малку на тебе. Ајде добро разгледај и кажи ми што можеш да воочиш за четири четвртини? На што е еднакво четири четвртини?

Па ако дробната црта означува делење тогаш четири поделено со четири е еднакво на 1 или тоа е како од целата пица која сме ја поделиле на 4 дела да  ги изедеме сите 4 парчиња.

4:4=1 Се правеше важен Вили.

 

 

Кога се правиш толку важен и сезнајко еве ти сега една потешка задача. Многу ме интересира како ќе ја решиш!

Анела, Мелиса и Даниел купиле по една пица. Анела од својата пица изедила една половина, Мелиса изедила  две четвртини од нејзината пица, додека Даниел изедил четири осмини од пицата. Кој од нив изедил најголем дел?

Ех ама тешка задача - уште повеќе се перчеше Вили. Па зарем не гледаш дека Даниел бил најгладен и изедил најголем дел од својата пица. Гледам јас Вили дека ти  незнаеш  како да ја решиш задачата - го искара Маја.  Следи го сега Даниел како ја решава задачата па на крај ќе кажеш кој бил најгладен.

 

 

И сега мој драг другар Вили сеуште мислиш дека Даниел бил најгладен или веќе го смени своето мислење.

  Е добро де - се правдаше Вили - ете згрешив, од око  така ми изгледаше, но објаснувањето на  Даниел ми помогна да ја разберам  задачата, сега  видов дека сите три деца изеле подеднакво делови од пицата.

И не само тоа, Даниел се потруди преку задачата да ти покаже како се собираат дропките кои имаат исти именител. Значи именителот останува ист тој не се собира но се собираат броевите кои се во броителот.

 

За да ти биде полесно во иднина кога ги споредуваш дропките кои имаат различен именител еве користи го ѕидот на дропки. Тој многу ќе ти помогне тебе Вили  а и на вас драги деца. Секој ред од ѕидот има различен број на блокови кои се преставени во вид на дропки. Така преставени полесно ќе можете да ги воочувате и споредувате дропките кои имаат различен именител.

Од нашата работилница!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 И за крај мој драг Вили за да знаеш повеќе и да не згрешаваш еве ти неколку задачи за твојата  домашна!

Добро научи ги и извежбај ги затоа што тука не застануваме. Ќе имаш прилика заедно со вредните пчели да работиш во пицеријата на Џепето, па ќе треба  брзо и точно да пресметуваш.

Пополнете го ѕидот на дропките!

 

/dropki/test_pica.pdf

/dropki/zid_na_dropki1.pdf

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz