содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-03-29, 4:33 AM



              

Што ли му станало на децава, па се облекле вака???

Изгледаат како да ќе одат во Африка на сафари да ловат животни.Ќе одлетам до нив да проверам што се случува!

Здраво деца за каде сте се спремале вака?? 

Здраво Вили! Погледни колку сме убави! Носиме сафари облека. Денес ќе одиме во ЗОО паркот. Ќе одиме заедно со нашата наставничка.

Но дали знаете како треба да се однесувате таму?  Тоа е место каде има и опасни животни.

 

Знаеме!!!

Нашата наставничка ни покажа неколку слики и правила како треба да се однесуваме во ЗОО паркот. Еве на пример: знаеме дека не треба да се доближуваме многу до кафезите со животни, не смееме да му даваме храна на животните. Не треба да ги вознемируваме животните да ги гаѓаме со каменчиња, да им викаме силно, да ги подаваме нашите рачиња до решетките. Треба да се придржуваме до правилата напишани во близина на кафезите, да не трчаме низ зоолошката градина. Ако нешто сакаме да дознаеме повеќе за животните можеме да прочитаме на таблите  кои ги има на секој кафез или да го прашаме чичкото кој е одговорен за животните.

 

За посета на ЗОО паркот потребно е да се купи билет.  На влезот на секој ЗОО парк има мапа за ЗОО паркот на која е опишано каде се наоѓаат кафезите на животните и обележана патека по која треба да се движат посетителите.

Во ЗОО паркот ќе сретнете животни од сите краеви на светот. Некои од нив живеат во вода а  некои на копно.  Некои се пријателски расположени кон луѓето но од некои навистина треба да се чуваме и да не ги вознемируваме. За нив и нивното здравје се грижат вработени во паркот и ветеринари. Бидејќи се донесени од различни страни на светот за да можат да живеат мора да се направат нивните домови да бидат слични или исти на нивните вистински живеалишта - нивната животна средина.

 

Ние сме спремни! Ајде да тргнеме!

Здраво деца! Јас сум чичко Раде. Денес добив задача да се дружам со вас, да ве прошетам меѓу кафезите на животните и да ви помогнам да научите нешто повеќе за нив. Ако сте спремни можеме да тргнеме!

Веќе се наоѓаме пред кафезите на дивите животни кои доаѓаат од различни краеви на светот. Од Африка, Америка, Австралија Азија но и од нашите краеви. Еве веќе Борче се слика со нив. Тука се жирафите, мајмуните, зебрата, нилскиот коњ, тигрите и лавовите. Тука се животните кои ги има и во нашите планини како што се лисицата, волкот, мечката, рисот....Тие се диви затоа што живеат во планините, џунглите, саваните и пустините. Човекот од нив нема корист но многу лесно може да стане нивна храна.

Повеќето од нив живеат на копно но има и такви како што е нилскиот коњ и крокодилот чија животна средина му е водата. Тие живеат во реката Нил во Африка.. Некои од нив се хранат со месо - месојадни или уште крволочни животни а за некои главната храна му е тревата - тревопасни животни.

Овде се наоѓаме пред нашата мини фарма каде се сместени домашните животни. Некои од нив ги препознавате затоа што ги имате во вашите дворови. Домашни животни сигурно погодувате  се затоа што живеат покрај луѓето. Од нив ние имаме корист. Некои од нив ги користиме како помош а  од повеќето добиваме храна.

Ана е нестрплива. Сака да се пофали нешто.

Јас знам дека нивната средина е копното. Тие живеат во штала, кочина, трло или кокошарник. Јас и тато секое утро ги храниме со пченка,пченица, сено, а ги носиме и на ливада да пасат свежа трева.

Сега вие мали сезнајковци се наоѓате пред нашиот инсектариум. Инсектариумот е место каде се сместени различни инсекти. Некои од нив се безопасни но некои од нив можат да бидат смртоносни за нас луѓето затоа што во себе имаат силни отрови кои ги користат за да се заштитат од другите грабливци или да го уловат пленот. Нивната животна средина може да биде ливадата, почвата, крошните од дрвјата... А сега е редот на вас да ги пронајдете инсектите  и да ги именувате!!!

 Сте  слушнале ли за аквариум? Ова зад нас е аквариум.  Во аквариумот се сместени животните чија животна средина е водата. Погледнете убаво во него, ќе пронајдете  најразлични видови на риби и други водни животни. Некои се многу мали некои се многу големи, некои се со убави и шарени бои  а некои застрашувачки. Повеќето од рибите се хранат со ситни планктони,       

но има и такви кои се хранат со месо како што е ајкулата. Треба да знаете дека сите водни животни не живеат во иста животна средина. Некои живеат во морињата и океаните каде водата е солена, некои во езерата и реките а  некои во барите каде водата е слатка.

 

Ајде да им помогнеме на Ана и Борче да набројат неколку водни животни од аквариумот.

 

Погледни чичко Раде колку многу птици!!! Знам Ана. Сега се наоѓаме пред кафезите со птиците. Каде најдобро се чувствуваат птиците деца, во воздухот или на копното? Во воздухот чичко Раде!!!!- извикаа децата. Значи деца животната средина на птиците е воздухот.  Нивните тела се покриени со пердуви а крилата им  се наменети за летање. Исто како и животните дел од нив се хранат со црвчиња, инсекти, овошки но некои од нив се хранат со месо. Тоа се птици грабливки, еве на пример орелот е птица грабливка која се храни со помали птици, зајаци, риби...

 

На крај од нашата прошетка предлагам Ана да направиме една заедничка фотографија со животните од ЗОО паркот.

   

ЗА НАЈ НАЈ ЉУБОПИТНИТЕ!!!

линк од национална географија

http://video.nationalgeographic.com/video/news/wild-chronicles/great-barrier-census-wcvin?gc=%2Fvideo%2Fanimals&source=relatedvideo

 

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

   

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  March 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz