содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-19, 10:40 AM



 

Еден, два, три, четири....... Ех каков убав ден!

Ем да си се прошеташ, ем да си добиеш нови другарчиња.Бидејќи денес бевме слободни и не отидовме во училиште решивме да се прошетаме низ вселената. Летајќи така добивме некои чудни сигнали  од планетата Земја кои не можевме да ги разбереме. Следејќи ги сигналите стасавме до едно мало училиште со многу вредни ученици, училиштето на вредните пчелички.

Нашиот локатор не однесе до една голема  врата над која  со големи букви пишуваше БИБЛИОТЕКА. Никој од нас не знаеше што е тоа библиотека.  А  внатре, ееее внатре толку многу книги на едно место не сме виделе. Веднаш се впуштивме во истражување. Се растрчавме меѓу рафтовите книги барајќи ги сигналите кои стасуваа до нас.

 

И конечно откривме од каде доаѓаа сигналите. Меѓу едни големи и убави книги стоеше мала тeнка зелена книшка од која силно се ширеше БИП БИП БИП. На неа пишуваше МАТЕМАТИКА - УЧИМЕ ДА БРОИМЕ. Што ли значи тоа?

Седнавме околу книгата и со голeма љубопитност ја отворивме. А од внатре во истиот миг се разлетаа  чудни суштества. 

Ооох! Конечно некој да ги отвори кориците на оваа книга, малку да се протегнеме и раздвижиме. Одамна никој не нема отворено и посетено.

 

Кои сте вие? Вие сигурно сте новите првачиња? - зачудено не праша едно суштество што повеќе личеше на трдулава топка или јајце.

Ние не сме никакви првачиња. Ние сме најмалите марсовци кои го следевме само сигналот кој го испраќаше оваа книга. А ти си? - љубопитно ја прашавме.

Јас сум бројка која се вика НУЛА, и не сум сама. Имам уште многу браќа и сестри. Ако сакате можам да ве запознаам со нив.Навистина многу ќе се израдуваат. 

И ете така почна нашето дружење со бројките. Замислете си секоја бројка си имаше свое име, и свое место на стоење.  Веселата НУЛА не однесе до една убава  куќичка од која се ширеше  џагор.

Ова е куќата на ПРВАТА ДЕСЕТКА. Во неа живеат најмалите и најважните броеви кои први ги запознаваат малите првачиња.

А зошто на куќата пишува ПРВА ДЕСЕТКА?  Што значи тоа десетка?

       Тоа значи дека во неа живеат точно десет броеви кој од кој поубави повесели и со најубави имиња. Еве најмалиот е ЕДЕН 1, по него е ДВА 2 па ТРИ 3, ЧЕТИРИ 4, ПЕТ 5, ШЕСТ 6, СЕДУМ 7, ОСУМ 8, ДЕВЕТ 9  и најголемиот во оваа куќичка е ДЕСЕТ 10.А прва затоа што први броеви кои ги запознаваат првачињата се точно овие броеви во оваа куќичка.

Овие броеви се најважните броеви бидејќи од нив потоа се создаваат сите други броеви кои луѓето ги користат.

 

Навистина чудни имиња! Како ли само ги добиле овие имиња?

Погледни! Ене секогаш бројот 1 си игра само со една топка, бројот 2 никогаш не се дели од оние две зајачиња, бројот 3 е заљубен во своите три црвени печурки, бројот 4 ги обожава своите четири буба мари,  а 5 е нежен како неговите пет пеперутки. Него учениците најмногу го сакаат.

Бројот 6 собрал шест убави и сочни јаболка а 7 да не биде покусо од него набрал седум жолти медени крушки.

Бројот 8 ја сака есента секогаш ќе го најдеш во друштво на осумте златно- жолти и пламено црвени есенски листови. Секогаш се околу него и му раскажуваат приказни кои ги чуле од есенското ветре.

 

 

 

А броевите 9 и 10 се љубители на животните. Погледнете ги и сами избојте колку верверички се собрале околу 9 и колку ежиња играат со бројот 10.

 

А ти НУЛО зошто тебе те нема никаде?

 

Јас сум многу важна зашто без мене нема да ги има најголемите броеви во секоја десетка. Навечер пред спиење често си играме  со броевите од куќата на првата десетка. Секој број има задача да седне до мене и да смисли име на новиот број кој го добивме. Така ги добивме имињата на најголемите броеви во секоја куќа на десетките. Кога ќе седни 1 до мене се прави бројот 10 и го викаме ДЕСЕТ. Кога до мене ќе седне бројот 2 се добива 20 и него го викаме ДВАЕСЕТ, и се така по ред.

ДЕСЕТ

ДВАЕСЕТ

ТРИЕСЕТ

ЧЕТИРИЕСЕТ

ПЕДЕСЕТ

 

 

ШЕЕСЕТ

СЕДУМДЕСЕТ

ОСУМДЕСЕТ

ДЕВЕДЕСЕТ

 

СТО

 

 

Ако добро изброивте колку вакви најголеми броеви создадовме, ќе видете дека има 10 куќи на десетки.

 

 

Погледни! Во секоја куќа има различни броеви! А овие броеви како настанале.

 

И за нив се потребни само броевите од куќичката на првата десетка. Кога ке им  здодее од играта со мене, почнуваме друга игра. Еве на пример бираме  најголем број од куќата на четвртата десетка, тоа е бројот 40. Тој добива задача да си покане до него некој број кој треба да седне на моето место.  Така се добива нов број. Новиот број името го добива од двата броја заедно. Пример ЧЕТИРИЕСЕТ И ДВА.

Ајде да ги повториме уште еднаш, заедно да броиме:

 

Нешто за нашите родители

Драги родители!  

Да им помогнеме на малите првачиња  полесно да се движат по полињата на табелата 10. За поинтересно да биде учењето користете ги пиуните и коцките од не лути се човеку  или можете да искористите и тапа од шише. Наизменично фрлајте ги коцките така што првото фрлање движете се на напред за онолку колку што сте добиле на коцката. Наредното фрлање движете се на назад за онолку чекори за колку покажал бројот на фрлената  коцка. Играјте така се додека некој не стаса прв на целта до бројот 20. Посебно обрнете внимание како вашето дете го прави преминот од 10 до 11, бидејќи најчестите грешки ги прават тука. Децата најчесто од 10 на вака поставена табела веднаш се префрлаат на бројот 20.

 

                               Еве уште неколку идеи за игри во кои децата  ќе бројат со чекорење на напреди на назад.

Да и помогнеме на пчеличката Маја да собере мед од  цветовите. Повторно ви е потребна коцка од не лути се човеку и пиунче или некаква тапа. Движете се по броевите онака како што покажува бројот на фрлената  коцка. Најдобро е да го менувате правецот на движење напред и назад во чекорењето, за да може детето полесно да го  запамети редоследот на броевите напред и назад, што е пак предуслов полесно да ги усвои претходник и следбеник. Во напредната фаза,  играта играјте ја со две коцки, така што чекорењето овој пат ќе биде како збир од двата броја кои сте ги добиле со фрлање на коцките, со што детето се воведува во собирањето.

   

 

Во наредната игра ја имаме истата постапка на играње, со тоа што овој пат му помагаме на поштарот Пајо да ги разнесе писмата до секоја куќа. Поштарот Пајо треба да ги разнесе писмата на две улици. Улицата прва десетка каде соседите се броевите од 1 до 10,и улицата втора десетка каде соседите се со броевите од 11 до 20.  Начинот  на играње е исти како и во претходниот пример со коцки, но можете постепено да ги применувате и редните броеви, така што наместо да каже куќата со  број 12, детето  убаво би било да каже поштарот стаса до дванаесеттата куќа.

Линк кој може да ви послужи за полесно препознавање на броевите до 10.

 


                                 Од нашата работилница!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz