содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-03-28, 9:35 PM



 

Помина топлото лето, и повторно училиштето се израдува на џагорот на вредните пчелички, кои влетаат со полн елан во училницата желни за нови знаења. Секако поголеми за една педа и попаметни за една кошница  мед.  И така уште од првиот час вредно се зафатија со бројките. Собираа и одземаа, множеа и делеа и се ќе беше како песна ако не се сопнеа на едни чудни бројки кои постојано со себе го носеа знакот минус. Но не би биле вредни пчелички ако не беа толку снаодливи. Вили се досети па на помош го викнаа волшебното математичко огледало.

Здраво! Знам дека ме гледате по првпат. Не чудете се јас навистина сум волшебно огледало, но не она од Снежана. Јас сум Математичарко. Денес навистина имав возбудлив ден.Кога влегов во училницата вредните пчелички се растрчаа околу мене и одма почнаа да си го гледаат својот одраз во мене восхитувајќи се на својата убавина.

 

Кога сите се изредија дојде ред  и бројките да си го видат својот одраз во огледалото. Така дојде прва петката. Но кога таа застана пред огледало во одразот се виде и знакот минус.

Ете огледало Математичарко, за ова ви кажувавме! - извика Едина- Постојано гледаме вакви бројки кои никако не го тргаат овој знак!

Ете кога ќе ја видам оваа петка со минус, низ главата ми се врти помислата дека не сум научил убаво, па петката не вистинска петка! - загрижено изјави Андреј.

Ах! Не! Не е тоа дека не си научил добро, се работи за сосема друго, за нешто ново со кое ќе се запознаете оваа година. До трето одделение ви ги учевте броевите од 0 до 1000. Треба да знаете дека тука не застануваат броевите, тие се нижат еден по друг до  бесконечност.

Како до бесконечност?- се чудеше Едина.

Не се чуди ти умно главче. Ако кажеме дека бројот 1000 е крај, што мислите дали него не можеме да му додадеме +1, па така плус уште еден и плус уште 1 ... и низата нема да има крај. Значи секогаш постои број кој е за 1 поголем од претходниот. Сите овие броеви припаѓаат на множеството природни броеви. Тоа е нешто слично како што вие припаѓате на оваа училница. Вашата училница има знакче пчелка, додека множеството природни броеви има знак со буква- N.

 

 Во математичкото училиште има многу училници во кои има различни броеви, така меѓу нив се и броевите кои вас ве збунуваат со знакот минус. Тие заедно со броевите од множеството природни броеви  го сочинуваат множеството на цели броеви, а нивниот знак е буквата- Z.

Всушност тоа е исто како вашето училиште да е училиште на цели броеви и знакот ќе му биди буквата - Z, двете училници во кои учите се училницата на позитивните броеви чии знак е +, и училницата на негативните броеви чии знак е -. Еве погледете во мене од вашата страна се позитивните броеви,а во одразот се негативните броеви.

Ако добро видовте како што се редат позитвните броеви кои вие ги учевте до сега, така исто се редат и негативните броеви но на спротивната страна. И за нив важи исто дека можат да се редат до бесконечност.

Ако јас сум средината а од мене лево се повлече една права и на неа се нанижат позитивните броеви, и од мене десно се повлече прават на која ќе се нанижат негативните броеви сме добиле една бројна низа. На моето место ќе ја ставам 0.

Е, сега да видам дали нешто сте научиле!

Како ќе ги препознаете позитивните а како негативните броеви?

Тоа е барем лесно! - се правеше важен Андреј - Негативните броеви имаат знак пред себе минус и се читаат минус 1(-1), минус 2(-2), минус 3(-3)... Додека позитивните броеви имаат предзнак +но тој не се пишува. Така ако пред било кој број не стои никаков знак тоа значи дека бројот е позитивен.

 

За оние кои се многу љубопитни еве нешто што ќе ви треба за идните задачи. Погледнете како се прави КООРДИНАТЕН СИСТЕМ.

А сега да разгледаме каде се ги сретнуваме негативните броеви. Сигурно сите следите вести и со нетрпение чекате да ви кажат какво ќе биде времето за наредниот ден, дали ќе играте надвор со топка или ќе седите покрај прозорецот и ќе ги броите дождовните капки. Кога е зима и е ладно, температурата е многу ниска под 0, затоа имаме негативни броеви. Како се менуваат годишните времиња така и живата во  термометарот се искачува нагоре, па негативните броеви се заменуваат со позитивни броеви.

Пред да преминеме на игра време е да повториме што сме научиле.Тука се Маја и Вили кои ќе ве потсетат што треба да знаете за целите броеви- негатативните и позитивни броеви.

 

 

Ваша задача е  добро да ја разгледата бројната низа и знаците за споредување. Што заклучивте?  Потоа споредувајте било кој два броја од позитивните и негативните броеви.

А сега земете ги коцките во вашите раце, време е малку да поиграме математика. Ќе трчаме и скокаме по бројната низа, а потоа ќе донесуваме заклучоци.

Правила на играта: потребни се две коцки едната со позитивни а другата со негативни броеви. Две умни главчиња и една бројна низа со позитивни и негативни броеви. Првото дете се движи по низата за оној број кој ќе му падне со фрлање на коцката. Второто дете исто така се движи по бројната низа од местото каде застанало неговото другарче. Дали ќе се движи напред или назад зависи дали фрла коцка со позитивни броеви или со негативни броеви. Местото каде последно ќе застане е добиениот резултат. Знам дека сте многу умни но подобро ќе биде ако ги запишувате вашите броеви како Маја и Вили. 

Што забележавте? Што се случуваше

                                                           - Кога имавте два негативни броја? 

                                                           - Кога имавте два позитивни броја?

                                                           - Кога имавте еден позитивен и еден негативен број?

    

 

Од нашата работилница!

 

 

 

 

 

 

 

 

за домашна задача!

 

/negativni/negativni_broevi.pdf

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  March 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz