содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 3:12 AM



                   

 

 

За последен пат во оваа школска година одѕвони училишното ѕвонче. Неговиот ѕвон го најави почетокот на долго очекуваниот летен распуст, ја потсети пролетта дека е време да му го отстапи своето место на летото.

За последен пат во оваа школска година се слушаше детскиот џагор низ ходниците. Децата се радуваа на летниот распуст, со големо задоволство кроеја планови како ќе го поминат слободното време. Еве Боре ќе одел на море, Убавка ќе се сонча покрај езерските води на Охрид а пак Орхан ќе лови риби од бистрите води на реката Радика. А каде ќе одат вредните пчелички?

Ова лето тие  ќе поминат прекрасни мигови на планинската убавица Кожуф.Немаат многу време, нивното летување е наскоро.

Внимателно ги наслушувам нивните тајни разговори. Се е поврзано за летувањето, Едина крои планови со кого ќе биде во собата, Енес изразува желба да спие на горниот кат од креветот, Алдин, Анела и Селма веќе ги полнат куферите со различни комбинации на облека....

Деновите брзо минуваат, се прават последните подготовки. Ноќта наспроти тргнувањето на Лејла и беше најдолга, од возбуда и трепереше срцето и сон не и доаѓаше на нејзините очи. Сонцето го искапи со своите златни зраци малото село и нежно ги погали детските обравчиња давајќи им знак дека е време да станат и да се спремаат. Дворот на селското училиште уште еднаш заживеа и се израдува на детската смеа, а тие пак нетрпеливо го чекаа автобусот. Секоја секунда и минута за нив беше цела вечност.

Ете дојде и тој момент. Автобусот се наполни до последното седиште. Свирежот на автобуската труба ги потсети децата да им мафнат на своите родители. Низ воздухот се насетуваа различни емоции, оние на родителите кои за прв пат ги одвојуваат на подолго време своите деца од себе и оние на децата кои со нетрпение чекаа да стасаат во Михајлово. Автобусот полека почна да го остава зад себе малото село. Се приближуваше до првиот поголем град Прилеп а веќе се поставуваа најчестите прашања:- Стигнавме наставниче?! - Уште колку има наставничке?! 

Автобусот ги голташе пред себе километрите нудејќи им на љубопитните детски очи различни глетки.  Наближувајќи се кон Кавадарци патиштата им се споија на повеќе автобуси од кои надѕираа детски главчиња, сите упатувајќи се како поточиња кон едно заедничко место одморалиштето Михајлово. Зад себе го оставија градот Кавадарци, славното Ваташа каде се стрелани 12- те младинци за време на НОБ,  останаа уште  последните 40 км.

Патот се повеќе добиваше на косина нагоре, рамницата се замени со густа шума. Одеднаш Адис се пожали дека му се затнуваат ушите. Тоа е така затоа што се искачуваме на високо - им рече наставничката- местото каде ќе летуваме е сместено на 1200 метри надморска висина.

 

Се наближува крајот на нашето патување. Низ густите мешани листопадни и зимзелени крошни срамежливо наѕираше нечии покрив. Одеднаш пред очите на децата се појави нова слика, се откри чиj бил покривот.  Пред нив гордо стоеше детското одморалиште кое ширум ги отворило своите врати и ги повикуваше децата на заедничка дружба.

 

Настана весела мешаница, се паркираа повеќе автобуси од кои како бисерчиња се истураа децата. Секое ја бара својата група, го бара својот наставник но и срамежливо подгледнува кон новите другарчиња.Се разменуваат скриени погледи и насмевки, запупуваат нови другарства и познанства.

Одморалиштето наликуваше на кошница полна со пчели. Некои веќе се распакувале  и итаат кон главната менза,  чистиот планински воздух им го зголеми апетитот. Како по непишано правило се редат едно по друго си помагаат едно со друго во поставувањето на таблите со храна.Шесте дена се доволно за да се увежбаат и стекнат навика сами да си поставуваат и да си ја раскреваат трпезата.

Деновите беа исполнети со најразлични активности. Една од нив беше прошетка низ шумите на планината Кожуф. Вредните пчелички беа ставени во улога на планинари истражувачи. Имаа задача да ја истражуваат  околината, да се запознаат со карактеристиките на планината Кожуф, да откриваат интересни нешта и истите да ги запишуваат во нашата информативна книга кога ќе се соберевме во занималната. Интересни беа нивните записи еве како на пример дека планината Кожуф се протега на границата  на две држави Република Македонија и Република Грција со највисок врв Зелен Брег 2.171 метар.

              

кликни на книгата

И не ќе беше се така верно ако не беше Мелиса со нејзиниот фото апарат. Додека другите истражуваа, запишуваа, собираа интересни цветови, дрвца инсекти таа сето тоа го документираше со нејзиниот фото апарат. Погледнете колку убави фотографии направи додека траеше прошетката низ густата борова шума.

Ама летовањето не ќе биде така интересно ако нема и по некој натпревар и игра. Децата се неуморни, а сонцето и воздухот ја поттикнаа уште повеќе нивната енергија па така секој ден имаше спорстки натпревари во одбојка, фудбал, ракомет, игри без граници. Додека  помалите дечиња своето време за игра го поминуваа во паркот каде се лизгаа, нишаа, се вртеа на вртелешката...

Шесте дена беа денови на нови познанства и другарства. Групите кои на почетокот ги формираа само од своите школски дугарчиња се претопуваа во нови, измешани. Не беше важна возраста беше важно другарството. А тоа пак уште повеќе растеше низ играта песната и смеата.

Како ќе се сеќавате на едно летување ако во него нема некоја сензација. Еве на пример како јас славниот ПАНЧЕЛИТО!  Заедно со мене ја поминавме ноќта под маски, забавата на стотте  балони, игрите без граници, господарот на огнот...

Секоја вечер кога сонцето ќе си заминеше на починка а месецот го огреваше небото започнуваше урнебесна забава. Децата танцуваа на летните музички хитови, се избираа најубав летувалец и летувалка. Во секое дете се крие по некој талент а тоа можеа да го покажат вечерта на покажи што знаеш каде се покажа нивниот талент за глума, за пеење, танцување, за рецитирање...

А потоа? Потоа само се чекаше моментот кога малите глави ќе се споеја со перниците. Во прашање беа секунди кога над нивните очи ќе се спуштеше сонот.

И така! Како рекле старите се што е убаво кратко трае! Па така дојде денот на разделбата. Денот кога се делеа дипломите за се она што се постигнало, денот кога се разменуваа телефонски броеви, денот кога се правеа заеднички фотографии со новите другарчиња. Михајлово и тагуваше и се радуваше. Се радуваше што гледа задоволни насмевки а тагуваше што се разделува од своите другарчиња.

Автобусот повторно се исполни до последното седиште. Но овој пат беше потивок, вредните пчелички беа уморни но задоволни. Во своите куфери имаа  многу спомени кои нетрпеливо чекаа да му ги прераскажат на своите родители........

 

      

Од нашата работилница!

                               Нашите активности продолжија и во Михалјово

 

 

         Незаборавни мигови од едно прекрасно летување!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

              

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz