Дали сте подготвени да патуваме?!
Денес ќе посетиме една далечна земја! Сте слушнале ли некогаш за континентот Евроазија?
А за земјата Русија?
За подобро да ја запознаеме Русија ќе ни помогне Маша.
Здраво! Јас сум Маша, живеам во Москва. Русија е мојата татковина, таа е многу голема и убава. Мојот мајчин јазик е руски. Мојата татковина е позната по многу нешта како што се руските бабушки
преубавите дворци .
Казачок сте слушнале ли што е тоа?
Тоа е народен танц .
Но најпозната е по прекрасните бајки кои подеднакво ги сакаат и децата и возрасните. Предлагам да слушнеме една прекрасна бајка која ја напишал Александар Сергеевич Пушкин. Пушкин е наш најпознат поет и писател. За жал имал краток живот од 38 години, но успеал да се здобие со слава на голем поет и писател. Многу ги сакал децата, затоа не заборавил да создаде неколку извонредно убави сказни во стихови. Една од нив е и денешната сказна која ќе ја слушнеме и прераскажеме.
Дали ви се допадна сказната?
Читајќи ја сказната што можеме да заклучиме?- Дали сите сказни имаат среќен крај?
Кои постапки од бабата ги осудувате?
Што мислите за дедото?
Што прави тој цело време во сказната?
Зошто го прави тоа?
Како се чувствува кога бара од рипката да и ги исполни желбите на бабата?
Зошто така се чувствува?
Ако бабата има многу лоши особини, ќе се сложите дека дедото е спротивен на неа. Набројте ги добрите особини кај дедото.
На следниот линк имате шема за постер ѕвезда. Потрудете се да направите постер ѕвезда на сказната!
poster-vezda.pdf
На следниов линк ви се понудени потребни материјали за изработка на книга,користете ги напоредно со прераскажување(текст).
ribarot/strip1.pdf ribarot/strip.pdf
На овој линк ќе ја најдете бајката со македонски превод
http://vrednipceli.ucoz.com/video/vic/http_vimeo_com_85174313_t_0s
|