ТАТКОВИНА!!!
Кој од вас знае што значи тоа? Кој од вас знае како се сака татковината?
Ајде да ги посетиме нашите другарчиња, сигурна сум дека ќе знаат најубаво да ни раскажат како се сака татковината...
Дедо денес во училиште научив како се вика мојата татковина! Јас живеам во Република Македонија. Научив дека има многу градови и села, убави планини и езера, научив кој е нашиот главен град....... - му се фали Верица на својот дедо. Наставничката ни зададе задача да напишеме како се сака татковината, но јас сама нема да можам да ја завршам задачата - се пожали Верче. Затоа деденце мој те замолувам да ми помогнеш да ја завршам најдобро што може. Дедо Ване се насмеа и замина во соседната соба. Се врати многу брзо носејќи во раката една кожена и дебела книга. И ја подаде книгата и седна до неа.
Верица беше премногу нестрплива и љубопитна па веднаш ја отвори книгата. Одеднаш од неа почнаа да излегуваат најразлични нешта: играорци, музички инструменти, винови лози, букви, планини, езера............ Верица зачудено гледаше.
Дедо Ване почна да врти лист по лист од книгата. Од секоја страна наѕираше нешто ново и уште поубаво и поинтересно од претходната страна. Така дедо Ване почна да ја запознава Верица со нашата татковина. Знаеш ли Верче што значи тоа татковина? - ја праша дедо. Тоа е Република Македонија!- како од пушка извика Верче. Татковината е нешто што го наследуваме од татко од дедо и прадедо....раскажуваше дедо, за неа треба да се грижиме и да ја чуваме како црнката во окото. За нашата татковина Верче дадени се многу животи токму за тоа треба да ја чуваме и сакаме.
Ова се дедо симболите на мојата татковина. Знамето е црвено со жолто сонце. Црвената боја е пролеаната крв на нашите предци, а сонцето е симболот на новиот ден роден во слобода. А ова е грбот Верче на нашата татковина, на него се насликани сите природни убавини на Македонија украсени со народниот вез. Грбот го има на границите и ќе го сретне секој еден кој влегува во нашата земја, грбот го има на сите важни документи.
Ова е нашата химна. Во неа се опеани сите борци кои ги дале своите животи за денешната слобода. Затоа кога се пее во нивна почит треба да стоиме мирно и исправено.
Овие фотографии се направени Верче кога дедо беше во посета на Скопје. Погледни!
Каде е ова дедо?
Ова се нашите најубави планини и национални паркови. Шар Планина, Кораб Дешат и Јабланица... Македонија е земја на недопрена природа која е заштитена преку национални паркови - Маврово, Пелистер, Галичица.....
Е овде Верче, дедо ги поминуваше најубавите летни денови. Тоа се трите природни езера. Но исто така на високите планини преку лето се создаваат и бистри но многу студени мали езерца. Тие се јавуваат кога се топат снеговите. Толку се чисти и убави што целото небо се огледува во нив, затоа се наречени планински очи.
Еве дедо ќе ти раскаже една легенда за тие две Пелистерски очи:
Во дамнешни времиња во минатото, на планината Баба под Пелистер живееле братчето Јорго и сестричката Флора кои имале свое стадо овци кое среќни го напасувале по целата планина. Еден ден братчето се изгубило, по што сестрата започнала безуспешна потрага по која започнала непрестајно деноноќно да плаче и жали за својот загубен брат. Плачејќи непрестајно, солзите се слевале во двете вдлабнатини во кои се создале овие езера. Изнемоштена од тага, сестрата пред да почине кога ги видела убавите езера кои се создале им проговорила ако некогаш го видат нејзиниот брат да му пренесат да се измие и напие од нивните води за така таа да го помилува.
Леле дедо ова беше најслатката страница. Незнаев дека сме имале толку вкусна кујна.
Ние сме чедо земјоделска земја татковината е богата со родни полиња и ниви каде се одгледува најслаткото јаболко, највкусното гравче и најубавото грозје од кое се произведува вино.
Овие се дедо тие луѓе во кои се пее во химната?
Да Верче, Македонија е стара земја со неа владееле и кралеви и цареви и претседатели. На нејзината територија поминале многу војски, некои само поминувле а некои се задржувале подолго. Токму затоа нашата татковина има толку многу различни споменици, стари градби....
Ајде да ги разгледаме овие фотографии, некои можеби и сама ќе ги препознаеш.
А зошто дедо има на сликите и џамии и цркви кога ние одиме само во црква?
Тоа е Шарената џамија во Тетово. Треба да знаеш дека во нашата татковина не живеат само луѓе кои одат во црква, нашите пријатели семејствата Ибраими и Омеровиќ одат за своите празници во џамија. Нашата татковина е мулти етничка земја, таа личи на една градина со разнобојни цветови. И ако се сите различни, сепак ја прават Македонија убава.
Знаеш ли дедо дека и јас одам на играорна секција како овие играорци на сликата. Штотуку ги научив правото, Беранче, Бувчанско оро, ни свират и на гајда. И добив народна носија, сета е извезена со црвен и црн конец. Овие играорци го играат Тешкото. А дедо зошто нашата носија не ја извезиле со жолт и розов конец?
Затоа што Верче црвениот и црниот конец си имаат своја симболика. Црвениот конец е бојата на крвта, копнежот за слобода, а црниот конец е тешкиот живот на македонскиот народ поминат низ вековните ропства.
Овие страници во нашата чудесна книга се посветени на народното творештво уште познато како ФОЛКЛОР.
ФОЛКЛОР??????
Поимот ФОЛКЛОР доаѓа од два збора ФОЛК - што значи народ и ЛОРЕ - што значи знаење, мудрост. Во фолклорот спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите на еден народ.
Леле колку е убава оваа пеперутка дедо? Тое ФИЛИГРАН накит изработен од вредните раце на македонските занаетчии. Погледни во Македонија има многу стари занаети: грнчари, кујунџии, ткајачи, копаничари, бочвари.......
Ајде дедо да си поиграме ние уште малку фолкор!!!! Ти ќе кажуваш гатанки а јас ќе ги погаѓам, потоа ќе се натпреваруваме во брзозборки.... И така Верче со голема леснотија научи како се сака татковината.
Сега мил мој дедичко ќе те оставам да предремиш а јас ќе одам кај моите другарчиња и заедно ќе играме како се сака татковината!!!!
Од нашата работилница!