содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 73

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Tuesday, 2018-09-18, 9:01 PM



  Ангелка Баракоска. Дипломиран професор по одделенска настава. Работам во подрачното училиште во село Локвени кое е во склоп на ОУ „ Лирија“ од село Житоше долненска општина. Од самиот почеток работам во комбинирана паралелка. Во својот работен век сум посетувала многу семинари, обуки сум била и сама обучувач,  но најголемото искуство го добив од непосредната работа со моите ученици и моите деца. 

angelkabarakoska@gmail.com

КАКО СЕ РОДИ ОВАА СТРАНА

Кога твоето опкружување се личности кои се полни со искрена љубов, несебичност, жедни за нови знаења и храбри пред новите предизвици како што се нашите деца, ученици, тогаш навистина во нас се раѓа желба да се внесеме во нашата работа длабоко, несебично со искрена надеж дека ќе успееме да го задоволиме детскиот апетит за знаење, ќе ги поттикнеме на истрајност и чесност во патот до нивниот успех.  Нема поголема награда за мене кога на крајот од часот ќе ги видам озарените детски лица на кои се шири насмевка и задоволство. Поттикната од нив се решив на ваков чекор да ја создадам оваа страна преку која ќе ги надополнувам нивните апетити за знаење и ќе им помогнам полесно да  ги совладуваат наставните содржини. Мојата долгогодишна работа во комбинирана паралелка ми носеше многу препреки и потешкотии но и многу големо позитивно искуство. Најпрво ме натера да увидам дека без добра организација нема добар час,  посебно во вакви паралелки каде се работи со две, три, четири па и пет одделенија. Различните возрасти на деца собрани на едно место помагаат многу брзо да ги увидиме  грешките кои ги правиме, кои најчесто уверена сум се ненамерни, и многу брзо да ги поправиме одстраниме.  Секоја промена која се прави во образовниот систем  поврзан за одделенска настава  многу брзо и лесно се детектира дали позитивно или негативно делува врз учениците од една генерација, а тоа пак помага брзо да делуваме на нејзино поправање во наредната. Долгогодишното работење со група на деца од различни возрасти ме научи полесно да ги разбирам потребите на децата. Намерно велам деца не ученици затоа што пред се тие се само деца а потоа се друго. Сите овие години тие ми помагаа да научам да ги слушам. Кога  ќе научиш да го слушаш нивниот глас не само што подобро ги запознаваш, туку  ја согледуваш нивната грижа, радост,  аголот на  перцепирање на нештата,   полесно им се  доближуваш а  можеш и многу да научиш. Не туку така е поговорката -Човек учи додека е жив- Без нив и немаше да постои овој блог. Им благодарам од се срце што ми дозволуваат и јас покрај нив да учам. И на крај ми помогнаа да увидам дека не постојат лоши деца, постојат само лоши и несоодветни пристапи кон нив од страна на возрасните. 

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  September 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz