содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-04-25, 12:50 PM



 

         

ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊАТА

Надвор беше ужасно студено, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ.

А беше ноќ спроти Нова Година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на себе некакви обувки, но тие не беа нејзини, беа на нејзината мајка која ги соблекла од себе и и ги дала, но тие и беа преголеми за нејзините мали стапала.Затоа и ги изгуби. Едната остана во снегот, кога скокна во страна за да ја избегне господската кочија што во трк помина покрај неа. Другата и ја зграби  едно улично момче кое бегајќи со неа  и довикна дека ќе  му притреба некогаш за колевка кога ќе има деца.

Така малото девојче продолжи да оди босо, а стапалата почнаа да и помодруваат од студот и мразот кој беше насекаде. Во старата кецеља, чии рабови цврсто ги имаше стегнато носеше неколку врзопи на кибритчиња а еден држеше во својата промрзната рака нудејќи им го на последните ретки минувачи:„Кибритчиња! Купете кибритчиња!“ Но тој ден никој не застана да купи ниту едно кибритче, ниту пак некој се фати за својот џеб да остави некоја паричка во нејзината премрзната дланка.

Сиротото девојче се тресеше од студот, гладно и премрзнато се влечеше по улиците а силата веќе ја напушташе.

Рој снегулки и ја прекрија нејзината руса коса која во крупни локни паѓаше по плеќите. Од сите домови се ширеше топла, блага светлост, а наоколу се ширеше прекрасниот мирис на печени гуски и свежи колачиња.Беше тоа последната ноќ во старата година, девојчето испушти тешка воздишка и проба да се присети кога последен пат пробала гускина паштета.

 

Најпосле изнемоштена и премрзната влезе во еден затскриен агол помеѓу две куќи од кои едната беше нешто поистурена кон улицата, и тука се склупчи покрај зидот. Своите модри и отечени нозе ги вовлече под парталавото фустанче, а потоа почна да дува во своите вкочанети прсти, но од тоа не и беше ништо потопло.

Но, и дома беше исто толку студено како и на оваа улица. Освен што имаа покрив над главата, од сите други страни фучеше студен ветер па навечер мораа да ги затнуваат пукнатините со стари крпи и слама. Нејзините мали раце  веќе беа целосно вкочанети од студ.

Да си оди ли дома? Без продадено кибритче?

Не!!!

Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не донесе ни една паричка дома.

Ох!  Колку добро би ми дошла топлината од едно запалено кибритче!  Само кога би смеела да запалам  од ѕидот барем едно кибритче. Само кога би имала малку смелост да го сторам тоа. Долго се колебаше, но студенилото ја совладуваше, па извлече едно дрвце го застружи од ѕидот и го запали.Како само пламна дрвцето во нејзината премрзната рака!

Колку топол и сјаен пламен.Некаква пријатна топлина и проструи низ нејзиното тело и одеднаш и се пристори дека седи покрај една голема кована печка со месингани ногари и сјајни украси во која весело пламти огнот ширејќи околу себе пријатна топлина така што  девојчето несвесно ги испружи премрзнатите ножиња кон замислената печка. Одеднаш пламенот го снема а во детската рака остана само догорче. Повторно завладеа мракот и студенилото наоколу. Девојчето запали уште едно кибритче. Пламенот светна во уште појак сјај а на местото осветлено од пламенот на кибритчето, ѕидот стана проѕирен како тенок вал и пред сонливите очи на девојчето се покажа внатрешноста на собата од другата страна на ѕидот.

Овој пат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот порцелански сервис на кој се наоѓаа разни пецива, голема кристална чинија во која имаше грозје, јаболка, круши и ананас, еден накитен сребрен свеќник со зелени свеќи, голем сад полн со топол пунч и шише вино. А на една голема плитка чинија чадеше штотуку испечена гуска украсена наоколу со печени јаболка. Одеднаш чинијата со гуската се вивна во воздухот и полета право кон премрзнатото девојче. Тоа изненадено се исправи и само што посегна со раката кон скапоцената порцеланска чинија на која се наоѓаше гуската падна и се распарчи на илјада парчиња. Девојчето се тргна исплашено. Во истиот час светлоста ја снема и наместо печената гуска во нејзината рака остана догореното кубритче.Кога повторно погледа кон собата, пред неа стоеше само тврд и студен ѕид. Неможејќи да му одолее на своето срце, девојчето посака уште еднаш да ја доживее убавината која за жал траеше кратко па проба да запали уште едно кибритче. Три пати мораше да греби по влажниот ѕид за  најпосле да го запали кибритчето.

. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во светлината на илјадниците свеќички на неа, иста таква елка каква што виде во богатата куќа. На нејзините долги сребрено зелени гранки блештеа многубројни свеќи во сите бои.Големи шарени топки висеа насекаде помешани со убаво извезени пакетчиња во кои имаше разни поклони. Што ли имаше во нив? Забележа неколку прекрасни кукли. Ох, кога би можела да задржи само една од нив за себе! Личеа на нежни шумски самовили и сите љубезно и се насменуваа. Ене и еден паљачо на гранката! Мафташе со рацете и нозете толку весело што прапорецот на неговото црвено капче ѕвечкаше како стотина сребрени ѕвончиња. Високо на самиот врвот на елката забележа голема сјајна ѕвезда, која како да беше направена само од дијаманти. Толку силно сјаеше што девочето не можеше да утврди дали ѕвездата е прикачена на врвот од елката или пак паднала од небото и лебди над самата елка за да изгледа што побогата и поубава.... И што повеќе размислуваше за ѕвездата толку повеќе и се причинуваше како ѕвездата се издигнува повисоко на небото. Ја испружи раката кон ѕвездата за да ја задржи, но во тој час изгасна кибритчето и блескавата елка ја снема некаде под темниот вал на ноќта. Заедно со неа го снема и паљачото и куклите и пакетчињата со поклони и блескавите стаклени лампиони, а свеќичките се издигнуваа се повисоко и повисоко, додека најпосле не се претворија во безброј далечни ѕвезди кои само немо трепкаа на студеното зимско небо.

Една од нив се слизна од небесниот свод и ја снема во модрата длабочина на небото оставајќи зад себе долга блескава трага.

„Сега некој ќе умре“ прошепоти девојчето присејќавајќи се на зборовите на својата покојна баба. „Секогаш кога ќе падне некоја ѕвезда“- и зборуваше бабата - „една душа ќе замине од овој свет!“ Секаде наоколу завладеа темнина и студ.

Но девојчето повеќе не го чувствуваше студот. Помислата на својата баба ја врати далеку назад и пред неа повторно оживеаа одамна изминатите дни... Беше болна а покрај нејзината глава седеше баба и. Бидејќи не можеше да заспие баба и и раскажуваше една многу тажна приказна поради кое по нејзините образи се тркалаа солзи а бабата и ги бришеше со своите бакнежи...Како некогаш, бабата и се чинеше толку биску а во исто време и бескрајно далеку. Некоја чудна темнина и го заматуваше нејзиното лице а нејзините раце не можеше да и ги допре.

Тогаш девојчето запали уште едно кибритче. Повторно блесна силна светлина и  овој пат нејзината баба беше пред неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил допир.Колку беше само убава нејзината баба. На неа имаше долг син фустан, на рацете носеше чипкани  ракавици а на градите и стоеше голема црвена ружа.

Бабо, најсакана моја!“ викна низ солзи малата душичка.

„Земи ме со тебе! Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како што замина и каминот и гуската, и елката затоа земи ме со тебе.“

Го запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол, посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Девојчето ги ширеше своите очи од восхит кон својата баба која изгледаше се поголема, поубава и помлада. Тоа поита кон неа, а бабата нежно ја подигна во својата прегратка, и со лица озарени од добрина и блаженство се вивнаа некаде далеку горе.

Новогодишната ноќ полека се претопуваше во првиот ден од годината.

 

Изутрината околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи се уште беа розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице.

„Сакала само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше колку прекрасни работи малечкото девојче виде таа ноќ. Никој од нив не можеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ.

 

 

ОД НАШАТА НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz