содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-03-29, 4:14 PM



 

 

 

           Јас сум Зоран! А јас сум Ана!

Зоран и Ана се неразделни и најдобри другарчиња. Нивното другарство е необично! Зоран живее на планетата Земја, а Ана е дете од вселената, таа доаѓа од друга планета.  Ана ја дозна желбата на Зоран кој  многу сака да стане космонаут и да лета во вселената. Затоа реши да му помогне на Зоран да научи да лета со вселенско летало и да го запознае Сонцето. Се случи тоа вака...Зоран имаше преголема желба да стане космонаут да го погледни Сонцето од блиску, да се дружи со ѕвездите. Додека неговите другарчиња играа заедно, тој секогаш беше покрај својот телескоп. Гледаше во ѕвездите и посакуваше да се сретне со другарче од вселената.

Неговите другарчиња ја сметаа  желбата на Зоран  за чудна и смешна.  Но еден ден кога Зоран остана сам со својот телескоп  се случи нешто неочекувано......

Ана го поведе со себе. Му ја подаде опремата за космонаути и го запозна со командите на своето летало.

Погледнете! Веќе излегоа од полето на гравитација на Земјата. Сега Зоран ќе дознае дека колку е подалеку од Земјата толку силата на привлекување на Земјата е помала па така тој ќе лебди во вселената.

ГРАВИТАЦИЈА??????

    Гравитација е сила на привлекување меѓу тебе и Земјата. Бидејќи Земјата е многу поголема, огромна во споредба на  тебе, таа те привлекува тебе.

 

Кометите се небесни тела кои кои се движат околу Сонцето и имаат издолжена форма. Кога ќе се доближат до Сонцето добиваат изглед на топка со нежна магла и светликава опашка, онаква каква што виде Зоран.

Погледнете ја Месечината. Таа не е планета таа е природен сателит кој кружи околу нашата планета Земја. Бидејќи е помала од Земјата и таа е привлечена од Земјината тежа  и затоа кружи околу неа.

Ова е нашиот Сончев систем. Тој има девет планети кои исто како и Земјата се вртат околу себе и околу Сонцето. Планетите не се ѕвезди, тие не светат. Светлината ја добиваат од Сонцето

.

Господарот и владетелот на Сончевиот систем-СОНЦЕТО. За нас тоа е живот, без него нема живот на нашата планета. Сонцето е ѕвезда. Тоа е многу поголемо од сите планети во Сончевиот систем затоа ги привлекува останатите планети да кружат околу него.

Денес Зоран дозна како ги распознаваме боите на предметите околу нас. Тоа сакаше да го сподели со вас, затоа ајде да видеме што ќе ни раскаже.

 

 

И ете така дојде крајот на нашето патување.  Зоран се раздели од вселенското дете Ана. Денес научи многу работи за планетите и Сонцето. Ана му вети дека повторно ќе се сретнат за да му покаже на Зоран како се менуваат денот и ноќта. Дотогаш и вие драги дечиња како Зоран научете по нешто за нашиот Сончев систем.

Од моето патување во вселената донесов две вредни работи кои сакам да ги споделам со вас. Едната е фотографијата на која сме сликани јас и Ана кога ја посетивме Месечината, а втората е ова видео  со Сонцето кое успеав да го снимам со мојата супер камера!

/globaldisruption.mov


Од нашата работилница

 

                                       

 

 

 

 

 

 

/SONCE/sonchev_sistem.pdf

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  March 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz