содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-19, 9:12 PM



Го пречекавме и месецот декември. А декември се знае ни ги носи најубавите сказни, најубавите радости, ни ја носи снежната зима, ни ја носи Новата Година. Колку Новата Година повеќе наближува, толку возбудата во снежните облачиња расте. Малите снегулки забрзано се подготвуваат за големиот празник. Снежната кралица за последен пат ги провери дали се добро подготвени. 

Време е! Ајде полетувајте и нежно дувна во нејзината снежна труба. Се разлетаат рој снегулки кои повеќе наликуваа на нежни балерини.

 

Танцувајте снегулки, играјте низ гранките по вашата белина нека летнат санките...... Ох! Јас се занесов во мојата игра и песна и не ви се преставив. Јас сум Снежинка.Најмалата и најпалавата снегулка. Ме испрати снежната кралица Зимата да ги посетам малите првачиња, највредните пчелички и да им раскажам за зимските радости.

Веќе од тука го гледам малото и топло училиште. Сигурна сум дека со нетрпение ме чекаат.

 

                                 

Чудно! Никој сеуште нема во школскиот двор. Каде ли се скриле? Или можеби пак се на час. Скришно ќе ѕирнам од прозорецот. Часот им завршил. Врие како во кошница. Им се радуваат на првиот снег. Но, нема излегување надвор - вика учителката - се додека не се облечете во топла облека.

Зимата е едно од најстудените годишни времиња. Мене не ми студи затоа шти сум снегулка, но вие децата не смеете да излегувате без топла облека.  Во зима мора да се носи топли и високи обувки за да не ви замрзнат малите ножиња, топла јакна или палтенце и се знае никаде без шалче, капа и ракавици за  ветрот Северко да не ви ги штипе обравчињата и да ви ги гризе носињата.

кликни на гардероберот  

 

 

Сега сте спремни да ги запознаете зимските радости!

кликни на книгата 

 

Здраво! јас сум Руменко! Денес се чувствувам збунето. Вчера додека со шепите си го миев лицето мислев на зелената трева што денес требаше да ја грицкам. И пак кога си го местев креветот, мислев на денешната гозба од сочна трева. Но, утрово кога се разбудив и истрчав надвор што да видам?!?! Наоколу се е бело. Никаде ја нема ливадата и зелената сочна трева. Ништо не ми е јасно? Никако не можам да сфатам зошто одеднаш побелело! И тоа преку ноќ?!

Руменко не само што е збунет туку е и  загрижен, како и повеќето шумски животни.

Ама зошто се загрижени шумските животни? - прашаа децата во хор. Зарем има некој кој не му се радува на снегот? - зачудено речено Илма.

И ние му се радуваме на снегот, но, за нас животните од шумата тој преставува и грижа. Кога ќе заврне снег тој  ја покрива тревата, па така остануваме гладни. А кумчо волчо, лисица итрица и баба мецана не чекаат зад некоја грмушка за да им бидеме вкусен ручек.

Но затоа се вредните рачиња на децата и ловците кои ви помагаат да не останете гладни  и ви оставаат храна кога снегот ќе ја покрие ливадата и шумата.

 

Џив џив џив јас сум врапчо сив. Што да речам јас? Немам каде да се засолнам, немам што да јадам...Каде сега да најдам сочни црвчиња и бубачки  на овој снег и студ?

Не грижи се Џивко! И за тебе има некој кој ќе се погрижи да ти помогне. Еве на пример Дарко од градот!

кликни на книгата  

Џив џив! Дарко се погрижи за нас. Ни подари топло катче каде ќе можеме да ја презимиме зимата. Дали вие деца исто ќе направите за моите другарчиња? Дали и вие ќе им направите дрвени куќички во кои ќе можат да се засолнат од Северко? Ќе им оставите малку трошки леб да го заситат гладното стомаче?

Додека овој период од годината  на врабецот Џивко му носи глад, студ и голема влажност, сите луѓе се радуваат, насекаде весела смеа. Се прашувате зошто? Најдобро ќе ви каже стариот часовник.

 

Додека се ројат снежинките занесени во својот танц, јас ги одбројувам последните саати од старата година.

На моето одбројување му се радува и Дедо Мраз. Без него го нема волшепството на новогодишната ноќ. А тој на санка влечена од ирваси се пробива и вјаса кај секое дете да стаса.

. Нема дете кое не посакува и не се радува на новогодишниот  подарок од Дедо Мраз. Во секој дом како стројна мома стои накитената  новогодишна елка.  А таму под неа во новогодишната ноќ Дедо Мраз наоѓа место да го стави подарокот за секое дете  во светот.

 

 

кликни на книгата 

Го испративме Дедо Мраз а со него и месецот Јануарко. По него се влечка најмалиот но најпалавиот месец Сечко или вие си го знаете како  Февруари! Тој во исто време е и нежен и топол но знае брзо да се налути па да стане најстуден, да го пушти својот другар Северко да ги раскини облаците како перничиња и од нив да се разлетаме ние малите снегулки. Кога Февруари ќе почне да ги пакува своите куфери почнува натпреварот меѓу две брата. Кој е посилен?! Кој ќе надвладее?!

Студениот Северко                         или                        топлиот Развигорец!

 

                                                           

 

 

Овие се најнежните но во исто време и нахрабрите и најсилните цветчиња. Тие се гласници на пролетта. Кога ќе ги видите во снежната покривка знајте дека победил ветрецот Развигорец, а со тоа ни ја носи и пролетта.

Како се викаат овие цвеќенца?, Како никнуваат на олку ладно време? - стигнуваат прашања од сите страни.

Ние сме Кокиче и Качунка. Иако никнуваме во зима ви носиме порака дека пролетта е на прагот.

 

кликни на книгата   

 

 

 

 

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz