содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-19, 9:12 PM



Здраво деца! Јас сум Вили! најдобриот другар на Маја. Денес добив задача да ве прошетам низ ботаничката градина!

                     ботаничка градина????

                                                           Ботаничката градина е место каде се одгледуваат и проучуваат  најразлични растенија, како домашни така и од сите краеви на светот.  Растенија кои се многу стари и ретки, стаклени градини, најразлични мочуришта каде научниците вршат следење и испитување на растенијата.

А вие мали умни главчиња?  Знаете ли што се тоа растенија? Ајде да наброиме неколку! Еве на пример јас најмногу сакам да летам по ливадата, таму  играм низ цветовите, тревките, со Маја играме криенка во грмушките. А кога сакаме да се одмориме тогаш седнуваме заедно на гранките на некое дрво. Маја ја сака липата затоа што убаво мириса, а јас пак сакам да се одмарам во крошната на стариот јавор и да ги слушам неговите приказни.  Но да не зборувам јас многу, туку да ве запознаам со уште една мала ботаничарка.

                                  ЛИСТ?    КОРЕН?   СТЕБЛО?  ЦВЕТ?  ПЛОД? 

 

                                                                                       

Е па најпрво да почнеме од коренот! Сте се запрашале ли како изгледа коренот, за што служи. Едно растение не може да живее без корен. Со него растението се прикрепува за земјата.Преку коренот растението од земјата добива вода и минерали. Коренот кај различни растенија е различен.

Дали знаете кое растение има поголем корен дабот или тревката?

Што мислите што би се случило ако еден голем бор има коренче колку едно ваше раче?

Но, ајде да погледнеме каде ќе не однесе Маја!

         

Пробајте во вашата тетратка да нацртате корења на неколку различни растенија, како на пример на блиската круша во вашиот двор, или цвеќето кое секој ден го негуваме во нашата училница.

 

Разгледајте ја добро сликата каде се опишани деловите на растението! Кој дел од растението доаѓа после коренот? СТЕБЛОТО!!!

Стеблото му дава цврстина на растението, тоа ги спроведува водата и минералните материи од коренот до високите делови на растението, како што се листовите, цветовите, плодовите.Различните растенија имаат различни стебла. Некаде тоа е цврсто, дебело, темно кафеаво и не се витка, но кај некои растенија тоа е тенко, нежно, лесно се свиткува и има зелена боја. Еве што ни откри малата Лејла за стеблата!

Ајде и вие придружете и се на Лејла и истражувајте  во вашата околина. Нацртајте ги во вашето блокче различните видови  стебла  кои ќе ги истражите во вашиот двор, во блиската ливада.....

Сега низ нашата ботаничка градина ќе ве прошетам јас! Што мислите за што му се потребни лисјата на растението? Од каде ја добиваат зелената боја или можеби некој ги бои? Ајде заедно да погледнеме  во нашата ботаничка лаборатотија,  таму се Јусуф и Анела, сигурно имаат нешто интересно да ни кажат!

Растенијата имаат фабрика за приготвување на храна, тоа се нивните лисја. Лисјата кај овошните дрвја прават храна што помага во создавање на плодови. Бидејќи плодовите се слатки лисјата мораат да бидат способни да прават шеќер. Тие тоа го постигнуваат, земајќи  ги потребните состојки од воздухот и земјата но потребно им е и многу сонце.

ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД+ВОДА+СОНЦЕ

Треба да знаете дека на „фабриката“ за храна и се потребни машини, а тоа се многуте мали зелени  клетки.

               

Еве една мала задача за вас: во своето блокче нацртајте лист на некое растение и една мала машина од фабриката за произведување  на храна.

     ЦВЕТЧЕ

                                                                                                          

Денес дознав зошто цветовите имаат убава миризба! Во шарените цветчиња се произведуваат миризливи масла. Чичкото ботаничар ми кажа дека тие миризливи масла се викале -ЕТЕРИЧНИ МАСЛА-    кои лесно испарувале и ширеле опоен мирис.                                     

                                                                          

И на крај доаѓаат највкусните нешта плодовите!

Еве неколку задачи за вас:

  • Од вашето омилено овошје или зеленчук направете вкусна салата која ќе ја поделите со вашите другарчиња!
  • Размислете и одговорете како изгледа семката на праската, јаболкото и пиперката?

 


Од нашата работилница!

 

 

/test_cvet.pdf

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz