содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 73

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Tuesday, 2018-09-18, 8:05 PM



                

Сигурно сте патувале сите некаде. Некои на море, некои на езеро, некои на планина ама вакво патување сигурно не сте доживеале. Денес вредните пчели повторно се качија во својот РОМОБИЛ. Но,  не патува низ вселената, денес патуваа со временската машина.  Патуваа низ времето и се вратија мноооогу многу години на назад. Сте слушнале за П.Н.Е.?

Што е тоа П.Н.Е.?

П.Н.Е. е скратеница од првите букви на ПРЕД НАШАТА  ЕРА. Тоа е историски период на човекот кога годините се броеле кон назад. 100, 99,98,97.......

 

 

Временската машина не донесе  на Апенинскиот полуостров. Во една од најголемите и најсилните империи - Римската империја. Во времето на 8 и 7 век П.Н.Е.

        

Здраво! Јас сум Паоло!                    Колку убав фустан носи ова девојче!!!!

                                                                                                                                                                                

Морам да ви кажам дека сум момче затоа што една пчеличка мислеше дека сум девојче со убав фустан. Ова е нашата традиционална облека.

Јас ќе бидам со вас и заедно ќе се прошетаме низ нашата империја, ќе ви покажам неколку интересни работи.

Еве на пример како и секоја империја и нашата империја има силна и храбра војска!

                       

Римската војска се вика ЛЕГИЈА и има пешадија и коњаница. Во војската владее  строга дисциплина. Војниците имаат  штитови, куси копја или меч, штит и шлем на главата.

 

Населението го сочинуваат  слободни и неслободни луѓе.  За жал поголемиот дел од населението се робови. Семејствата се патријахални а на чело стои ПАТЕР. Со империјата раководат кралеви. Јас сум еден од  најпознатите императори кој се сметам  и за основач на Римската империја. Се викам  Гај Јулие Цезар.

                                                                                                               

 

Се прашувате што прават овие мали  момчиња со оваа волчица. Ова се браќата близнаци  Ромул и Рем. А со нив е волчицата Мартиа. Легендата зборува дека тие се основачи на вечниот град Рим. Потекнувале од богато семејство но нивниот лош чичко ги фрлил во реката Тибар. Ги пронашла волчицата која ги доела  и ги спасила од смрт. Кога пораснале го создале вечниот град Рим кој се протега на  7 ридови.

                                                          

Рим е главен град на Римската империја. А во ваше време ќе стане главен град на Италија.

 

Ние Римјаните сакаме забава. Најпозната забава во Римската империја се борбите во арените. Во нив за живот или смрт се борат ГЛАДИЈАТОРИ помеѓу себе или со диви животни. Во Рим најпознато место каде има гладијаторски борби е КОЛОСЕУМОТ.

                                 

 

 

Покрај забавата во арените Рим е центар на уметноста, театрите, музиката. Старите римјани ја негуваат и науката, архитектурата, поезијата... уживаат во добрата храна и вино.

                             

Посебно внимание се обрнува на нас најмалите. Уште од 6 години почнуваме да го посетуваме школото. Учиме да броиме, читаме и пишуваме. Кога ќе наполнам 12 години ќе учам Грчки и Латински јазик, оратортсво, граматика и литература.

Какви се овие броеви?  Повеќе ми личат на латинични букви.

Ние не ги користиме арапските броеви. Си имаме свои броеви - римски броеви. Броевите 1; 5; 10; 50; 100; 500 и 1000 се основни броеви.  Се обележуваат со големите латински букви I, V,  X, L, C, D, M. Останатите броеви се пишуваат со додавање  од лево и од десно на основниот број други броеви. Тоа значи дека правиме комбинација на основните броеви. Додавањето на броевите се прави најмногу до три броја или трето ниво..

Пример 2 се добива со додавање на еден знак I до I, 3 со додавање на 2 знака II до I, 8 со додавање на 3 знака до V, V и III = VIII. 30 додавање на 2 знака XX до X. Додека пак броевите 4, 9, 40, и.т.н. се добиваат на следниот начин. Пред бројот 5 (V) се става знак I (што значи 5-1 = 4) и IV e бројот 4. Пред X се става знакот I и се добива бројот IX (односно 10 - 1 = 9). Пред L се става X и се добива XL (т.е. 50-10=40). Пред М се става C и се добива CM (т.е. 1000-100=900), и.т.н.

 

Ајде да влеземе на часот по математика. Повеќе ќе се запознаете со броевите. Мојот учител ќе ви покаже као се пишуваат броевите до 20, но и другите броеви поголеми од 20.

 

 

 

 

Ајде заедно да решиме неколку примери на задачи со собирање и одземање. Вие имате задача да ги откриете кои се броевите и како се формирале!

 

Ова е табла на која се преставени годините. Добро разгледајте ги а потоа пронајдете ја годината кога сте родени и годината во која живеете!

                         

 

Време е за  нашите часовници. Имаме многу и сите покажуваат различно време. Ќе можете да го прочитате времето кое го покажува секој часовник?

 

 

 

                     

 

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА

 

 

 

 

/rim/docrtaj.pdf

/rim/povrzuvalka.pdf

/rim/rimski_brojki.pdf

/rim/test1.pdf

/rim/sobiranje.pdf

 

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  September 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz