содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-04-25, 0:16 AM



     

Пролетта веќе дојде. Сонцето ги измами децата да се растрчаат по зелените ливади. Развигорецот си поигрува во нивните коси а сончевите зраци милно ги галат детските обравчиња. Само Зоран ништо не сака да забележи! Постојано седи покрај прозорецот, како да очекува некого!?!?

Зоран ја чека Ана. Се сеќавате  на вселенското дете? Таа му вети дека повторно ќе го посети. Ќе го однесе во Вселената да го запознае со планетата Земја. И навистина Ана не го заборави Зоран.......

 Ете повторно Зоки се најде во вселенското летало на Ана. Но овој пат Ана ќе му раскажува за нашата планета. Зоран не ќе мора повеќе да се прашува кој го разбудува Сонцето секое утро, тој самиот ќе види што се случува со него а сигурно тоа ќе ни го раскаже и нам!

 

Зоран и Ана го набљудуваат Сончевиот систем. На Зоран му е чудно како тоа планетите не се судруваат меѓу себе, кој им го покажува патот кој го поминуваат околу Сонцето, зошто се вртат сите како балерини....

Ана го упати нивното летало  во близина на нашата планета. Нешто се случува со планетата. Таа не само што се врти околу Сонцето, Зоран забележува дека Земјата се врти како вртимушка во место.

Нашата планета Земја е петта по големина од деветте планети во Сончевиот систем. Како и сите други планети таа се движи по својата патека околу Сонцето но покрај ова движење таа се врти околу својата  оска. Погледнете таа се врти исто како оваа балерина.

 

Како тоа се врти земјата како балерина?      

                                                 Тогаш и нас ќе ни се врти во нашите глави?????

Хахахаха!!!! Не Едина нас нема да ни се врти во нашите глави. Нашата планета е толку многу голема што ние не го забележуваме тоа вртење. Но, можеме да ги почуствуваме промените кои настануваат од вртењето на планетата околу својата оска.

Еве вака:

Планетата Земја кога се врти (РОТИРА) околу својата оска прави еден цел круг. При тоа ротирање еден дел од неа е целосно изложен на Сонцето и во тој дел е ДЕН. Еден дел е целосно скриен од Сонцето и во тој дел е НОЌ. Додека во одредени делови сончевите зраци допираат многу малку, така таму е период на изгревање или заоѓање на Сонцето. На Земјата и е потребно точно 24 часа за да се сврти еднаш околу својата оска, за нас тоа е познато како деноноќие. Тоа е период кога се менуваат денот и ноќта.  Токму ова ротирање на планетата нас не тера да помислиме дека Сонцето изгрева наутро, минува преку небото и заоѓа навечер создавајќи ден и ноќ.

Кога е ден благодарение на сончевите зраци ние ги гледаме нашите сенки. Сенката се појавува само кај непровидните тела затоа што низ нив не можат да поминат сончевите зраци. Токму затоа ние го гледаме својот одраз на земјата во темно сива  до црна боја.

 

Дали си спремен Зоки да ја разгледаме патеката по која се движи нашата планета?  Таа се вика ОРБИТА. Ако се движиме со брзината на нашата планета ќе ни бидат потребни точно 365 дена. Тоа е точно една година. Погледни како се движи Земјата заедно со Месечината околу Сонцето.

 

Кога Земјата се врти околу Сонцето ние луѓето ги чувствуваме промените на годишните времиња. Знае ли некој да ги наброи годишните времиња?

 

Разгледувајќи го мојот албум ги пронајдов овие фотографии на кои ќе ги препознаете сите годишни времиња.

Знаете ли дека годината е поделена на 12 месеци. 

Добро разгледајте го кругот  и потрудете се да утврдите кои месеци им припаѓаат на годишните времиња?

По колку месеци има секое годишно време?

Кој е првиот а кој последниот месец во годината?

Додека вие размислувате Ана и Зоран веќе слетаа на Земјата. Нивната разделба е тажна, но затоа нивната дружба беше многу интересна. Зоран научи многу за Вселената. Ана на заминување му вети дека секогаш кога ќе му биде потребна ќе доаѓа да му помогне......

 

 

 

 

Од нашата работилница!

 

     

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz