Денес сум расположен за дружба! Ајде со мене, ќе ве носам кај едно ново другарче.Тоа живее во Африка, во реката Нил.
Повеќето го знаат како крокодил, но мене ми звучи многу страшно тоа, затоа јас го викам нагалено Коки. Пред да одлетаме таму да ставам во кошницата неколку слатки за Коки.
Ете така го запознавте Коки, а сега ќе ве замолам да ми помогнете да ги наредам слатките по големина за полесно да го нахраниме.
Секогаш започнувам да ги редам од најмалото па до најголемото, така полесно ќе го нахранам крокодилот. Тој пак сам си одредува кое е поголемо и тоа го јаде.
Ама е гладен овој наш нов другар! Погледнете секогаш ја има широко отворена устата кон поголемото слатко!
Јас сум поголем од Андреј! Андреј А пак јас сум помал од Андреј!
Се подредивме по големина исто како што ги наредивме слатките за Коки! На секое слатко ставивме број, така полесно ќе одредиме кое слатко е поголемо.
Погледнете како и да му ги измешаме слатките на нашиот Коки тој секогаш го пронаоѓа поголемото.
Предлагам да си создадемe наша игра каде устата на нашиот крокодил ќе ни биде знак за поголемо или помало. Еве вака широко отворената уста на Коки нека биде знакчето за поголемо:
а шилестиот дел од устата секогаш нека покажува помало. А слатките од Коки да ги замениме со шарени бројки, па и ние како него да пронаоѓаме кој број е поголем а кој број помал ставајќи го знакчето помеѓу броевите.
Се чита: два е поголем од еден;
три е помал од десет;
четиринаесет е поголем од осум;
пет е помал од тринаесет.
Сега овде ве поздравувам и ве оставам сами да решите неколку задачи. Јас морам да одам да ја научам новата песна наменета за мојот другар Коки Се гледаме повторно!
/koki/krokodilot_koki.pdf
ПОГОЛЕМО И ПОМАЛО
|