содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 73

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Monday, 2018-07-23, 8:18 PM



         

   Денес беше убав ден за Енес. Го славеше својот седми роденден. Училницата ечеше од детска песна и смеа .Цел ден на неговото лице се ширеше голема  насмевка. Се радуваше на секоја измината минута. Но најубавиот дел од денот беше кога Енес ги отвораше роденденските подароци. Е тогаш, кога Енес ги отвораше еден по еден подароците, од еден подарок излегов и јас. Тоа е подарокот од пчеличиката Маја, зелената книга со многу точки како мене но и прави и криви како моите две пријателки.

 

Трите првачиња веднаш ја забележаа зелената  книга од која се слушаа необични пискави звуци. Седнаа пред книгата и  нетрпеливо чекаа  да ја отвори славеникот. Штом книгата се отвори очите широко им се озарија кога од неа почнаа да скокаат разни форми коцки, конуси, триаголници, кругови и топки, прави криви линии и секако точки како јас.

 

 

И така почна нашето дружење со трите првачиња. Јас точката  и моите две најдобри другарки  кривата линија и правата линија   .  Ќе ве оставам малку да се подружите со двете линии да ви раскажат како го добиле нивното име.

 

    Јас сум КРИВА ЛИНИЈА. За да ме нацртате мене е многу лесно, ви треба само вашето раче и едно добро наоштрено моливче. Се што треба да направите е само да повлечете со моливчето по празниот лист хартија и да оставите трага од една крива линија.

         

Ова е мојата сестра. Се вика КРИВА ЗАТВОРЕНА  ЛИНИЈА. Се разликуваме само по тоа што јас сум отворена, а таа е затворена крива линија.

 

Јас пак сум ПРАВА ЛИНИЈА. За да ме нацртате мене освен вашите две  рачиња и наоштреното моливче потребен ви е и еден линијар

Линијарот го поставувате на листот хартија како на сликата, со едното раче го придржувате да не ви се поместува додека со другото раче со моливчето повлекувате права по работ на линијарот, исто како на сликата .

И јас како и мојата другарка кривата линија имам сестри. Но тие не се прави туку се искршени линии. Исто како кога во рачињата ќе земете една сламка за сок и ја превиткате на повеќе делови.

      Еве сме! Ние сме двете сести на правата линија. 

Јас сум искршена отворена линија а јас сум искршената затворена линија. И ние како и нашата сестра не се цртаме со слободна рака туку само со помош на линијарот.

кликни на книгите

 

А сега е време да се подружите и со мене и да видите што се можам јас и моите другарки линии да направиме. За да можете да играте со нас потребни ви се сламки за сок во разни бои и пластелин. Пластелинот ќе ме заменува мене, ќе биде точки а сламките во боја ќе бидат правите, кривите искршените линии. На почеток ќе се запознаеме со полуправите и отсечките. Погледнете убаво и донесете заклучок како се создава полуправата, како отсечката и направете споредба кој се нивните разлики.

Што мислите кого можеме да измериме? Полуправата или отсечката?

Сега доаѓа оној поинтересниот дел каде ќе играте со многу точки и прави и ќе формирате многу фигури. Но внимавајте како што вие имате свое име така и тие имаат свое име. а ваша задача е да ги запомните исто како што тие ве имаат запомнето вас.

Оваа форма која што ја направивме од три точки и три прави се вика ТРИАГОЛНИК.

 

Јас се викам ПРАВОАГОЛНИК. За мене употребивте четири точки и четири прави. Но! Внимавајте правите меѓу себе не се еднакви. Оставам на вас да определите кои од четирите прави се еднакви меѓу себе?

Ова подолу е мојот брат КВАДРАТ. И за него употребивте 4 точки и 4 прави. Добро погледнете го и кажете какви се правите кај него меѓу себе?

Постојат многу вакви форми кои можете да ги направите. Постојат петтоаголници затоа што имаат пет страни и пет точки, шестоаголници, десетаголници.......

За да не се заборавиме еве една наша семејна фотографија. Тука сме сите и ние формите од прави линии и формите добиени од криви линии. Проверете дали добро сте не запознале па кажете кој како се викаме!

Понекогаш кога ни е досадно играме една многу интересна игра каде од сите форми кои ги направивме со нивно поврзување измислуваме нови. Еве на пример од 4 правоаголници и 2 квадрати   правиме КВАДАР, од правоаголник и два круга правиме форма која ја викаме ЦИЛИНДАР.

Овдека си играме со триаголниците и квадратите. Оставаме на вас да ги препознаете фигурите кои ги направивме. Еве да ви помогнеме едната фигура ја има во Египет кај фараоните и камилите, а другата фигура секогаш ја користите кога играте НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕКУ.

Е а мене нема некој  што не ме знае и што не посакал да си поигра со мене. Јас со вас се дружам во фудбалот, кошарката, одбојката... За да се создадам јас потребни се многу кругови. Но да не во објаснувам јас вака, најдобро е сами да видите на сликата како настанувам јас славната ТОПКА без кое нема поминато ни едно детство.

 

Јас сум Ератостен од Кирене, познат старогрчки математичар. Ќе ви откријам една математичка тајна. Ќе ви кажам зошто некои форми како квадратот, правоаголникот, триаголникот ги викаме 2Д форми а зошто квадарот, коцката цилиндарот... ги викаме 3Д форми.

 

Ако сакаш да знаеш нешто повеќе отвори ги книгите. Наменето за пчелките од 4 и 5 одделение.

       

 

   

Од нашата работилница!

 

 

 

 

   

 

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  July 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz