содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Saturday, 2024-04-27, 0:30 AM



              

 

                                                                                                      кликни на облачето

                      

    

     Хаха! Мммм! Колку е убаво чувството кога на своите обравчиња ќе го сетите Развигорчето- тоа пролетно ветренце. Утрово нежно ме погали и ме потсети дека веќе е време да ги земам своите сликарски четки и кофите со боја и да се растрчам по ливадите, полињата, горите, селата и градовите.

Зимата, мојата сестричка знам дека не сака да си оди но таков си е редот кај нас годишните времиња, едни одат други идат и се така си се вртиме во круг.

                                                           

 Баба Марта одамна ни дојде на гости. А сите знаеме што таа ни носи. Ни го носи најубавиот и најнежниот празник- празникот на нашите мајки, а штом помине тој празник значи дека време е моја зимска сестричке да ми го препуштитш твоето место. Но пред да се разделиме ајде заедно да ѕирнеме низ прозорецот на вредните пчелички. Како тие го прославуваат овој празник?!?!

кликни на прозорецот

 

Еве една осмомартовска честитка од нашите другарчиња.

кликни на книгата

Времето почнува да се затоплува. Сончко срамежливо ги протегнува своите зраци од зад белите облачиња. А тие пак си поигруваат со снешковците кои очајно се трудат да не се стопат. Снешко не тагувај за своите другари, вие повторно ќе се дружите но сега како пролетно дожденце кое ќе ги капе росните ливади.

 

Ова е мојот омилен ТВ сезнајко. Секогаш кога нешто ми е нејасно тој е тука да ми покаже. Ве повикувам заедно да видиме што има овој пат да ни каже!

                                 кликни на ТВ

                      

Што е? Што си се намрштила толку ти мала ластовице? Ова е твое време. Јас и развигорчето ја будиме природата за да можеш ти и твоите роднини ластовиците и штрковите да се вратите во старите гнезда.

Знам, но многу е далечен патот кој треба да се прелета. Јас повеќе сакам да си останам овде.

Ќе ти прочитам една мала приказна а потоа сама одлучи што ќе направиш.

кликни на книгата

 Ластовичката ја разбра пораката и поита во старото гнездо со своите родители.

Ја помните Елена, она мало и слатко девојченце кое разговараше со тажниот есенски лист. Е таа Елена секој викенд е на поседок кај нејзината баба и дедо. И овој викенд ќе оди таму, а јас сакам токму за овој викенд да и приредам едно убаво пролетно изненадување.Затоа ќе ве замолам да се присетите  и да ми набројувате што се има во пролет, кој се се буди од зимскиот сон, со што се украсени ливадите и дрвјата, за да не заборавам нешто.

  Ете така, се што наброивте собрав во оваа книга. Тоа ќе биде изненадувањето за Елена. Но нема да бидам другар ако не ја споделам со вас, затоа ве повикувам да ја разгледате и вие.

кликни на книгата

А сега е време да ги посетам полињата и ливадите. Дедо Раде веќе спремно чека на својот трактор за да ја изора својата нива и на неа да посади зеленчук и овошје.Звукот од брмчењето на тракторите се помешува со звуците на домашните животни кравата, коњот, козата кои излегле да се напасат сочна и млада пролетна тревичка. Петелот на дедо Раде се искачил на оградата и горделиво ги дуе своите гради од кои потоа се слуша силно кукурикање, како да сака да им каже на сите дека стигна пролетта во неговиот крај.

Пролетта е време кога се разбудува природата, кога се зазеленува земјата, кога  планета Земја го слави својот ден. Сигурно се прашувате која сум јас. Зарем не ме препознавате. Јас сум вашата плантеа Земја пресоблечаена во раскошно зеленило испреплетено со разнобојни цветови. Денес  имам посебна причина да се радувам. Вредните пчелички се потрудија да го одбележат мојот ден - Денот на екологијата.

кликни на сликата

Без нас не е слатка пролетта.Ние ги красиме детските ушиња ама и ги сладиме детските устиња. Наши најдобри пријателки се јагодите, заедно сме најважното и најслаткото пролетно овошје.Ова е нашата црешна. Таа е питома ја насади тате уште кога беше малечка и за око смешна, но порасна таа и род почна да дава.

     

                                                                                       кликни на дрвото

 

 

 

Природа си е природа што се вели! Ништо поубаво нема од игрите во природа. А пролетта тоа го прави најдобро. Топлото сонце и нежното развигорче ги измами малите пчелички да ги соблечат од себе топлите палтенца и да ги заменат со лесна облека, да излезат во блискиот парк за да се забавуваат и играат. Низ воздухот се шири детски џагор и смеа. Сонцето со своите пролетни зраци ги гали нежно по косите, им ги руменее малите обравчиња и им дава сила да трчаат, скокаат и да растат.

Тука некаде во последниот пролетен месец Јуни ја затвораме и школската година, ја испраќаме пролетта  и свечено го отвораме летниот распуст.

А јас ќе го отстапам местото на  летото.

Од нашата работилница!

 

                                                                                          

                                                                      

                                                                         

             

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz