содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 1:54 PM



ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ

Кога ќе се определиш за професија како нашата знаеш дека се што правиш е во интерес на групата кон која си се насочил. Повратната информација од она што си го сработил е токму од самата група- учениците. Во текот на целиот наш работен век постојано се доедуцираме како најдобро да се прилагодат сите техники со кои би постигнале успех кај децата- ги нарекувам деца затоа што пред се тие се деца а после ученици. Постојано се трудиме да го воспоставиме и добро да го составиме тој познат триаголник – училиште -семејство- дете. Но во праксата не секогаш е така лесно да се постигне тоа. Во последиве десетина години многу повеќе се форсира образовниот од воспитниот процес. Со право можам да кажам дека и воспитниот дел скоро да е и изоставен како во семејството така и во училиштето. Токму тука сметам дека е и зародишот на една модерна појава на нашето живеење- ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО-БУЛИНГ. Во мојот работен век сум се сретнувала со различни ситуации кои со заеднички напори со учениците сме настојувале да ги решиме и во тоа сме успевале. Но како се менуваат условите за живот се помалку можам да се пофалам дека се успева да се надминат проблемите кои се јавуваат во училиштето и во училницата. Или со други зборови кажано се помалку триаголникот -училиште -семејство -ученици личи на триаголник. Секојдневно во овие елементи се вмешуваат и земаат силен замав и други фактори посебно најсилно се чувствува влијанието на заедницата и технологијата.

Тргнувајќи од ова сознание кога ќе се најдете на прагот на една училница во која има нарушена клима за било каква работа и меѓусебна соработка прво на памет што ви паѓа е - Што сега? Од каде да се почне, кои се приоритетите кои треба да си ги поставам за да можам да имам било каков напредок.

За да се има напредок како темел секогаш е воспитниот елемент а над него се надоградува и проширува образовниот елемент. Имајќи во предвид дека нашата професија е поради децата, ние постоиме поради нив, секогаш треба да ни биде јасно дека не постојат лоши деца, туку има само лош пристап кон нив. Па така прво нешто кое си го поставив како цел беше да ги запознаам учениците во одделението нивните навики, нивните емоции, социјален статус, нивните индивидуални и колективни потреби. Или со други зборови кажано потребно беше да се се утврди како функционира триаголникот и каде се прекините во истиот. Кои беа чекорите за подобрување на климата во одделението:

Први чекор -Обсервација на учениците поединечно и во група.

Отсуство на емпатија и алтруизам.

Втор чекор -  Одржување на родителска средба.

Недоверба, поделени мислења, префрлање на вина.

Трет чекор - Дијагноза и причина за настанатата ситуација.

Булинг.

Четврт чекор - Превземање на конкретни мерки за подобрување на училишната клима.

Правила на однесување во одделението кои требаше строго да се почитуваат.(донесени заеднички)

Подигнување на довербата на учениците кон наставникот.

Секој ученик е важен, треба да биде слушнат и разбран.

Поттикнување на слободни разговори во кои ќе се искажат мислења кои секогаш не се совпаѓаат со мислењата на наставникот.

Симулација на настан во кои учениците се ставаат во различни улоги.

Поттикнување на самокритичност и спремност да се соочи со критиката од другите без разлика дали е позитивна или негативна.

Водење на лично портфолио од страна на секој ученик во кое сам ќе го оценува својот напредок.

Формирање на ротирачки групи во кои ќе мора да се воспостави соработка за да се постигне поставената задача.........

 

Од нашата работилница!

интегриран час - Животни вештини и работа со компјутер и основи на програмирање. Настанот имаше за задача преку изведена еко акција за почиста средина и еко пароли изработени со компјутерска графика и хамер проект да се подобри климата на меѓусебна соработка во одделението. Да се поттикнат учениците да бидат добри соговорници да се слушаат меѓу себе но во исто време да ја разберат важноста од меѓусебно споделување на своите чувства. Во текот на активностите кај учениците се чувствуваше огромно задоволство и среќа. Во исто време оваа активност помогна за подигање на свеста за здрава и чиста средина.

 

Преку заедничка работа до победа- Македонски јазик. Создадени се повеќе групи во кои членови се ученици кај кои постои изразена меѓусебна нетрпеливост. Целта на задачата е да ја откријат реченицата која се крие во измешаните зборови а мојата цел пак е да ги натерам учениците да се слушаат меѓу себе, да ги научам како да станат подобри соговорници, како да се  разбираат и да бидат толерантни. Имаме задача со натпреварувачки карактер. За да се постигне победа мора да се соработува. Во почетокот беше потешко да се воспостави единство и соработка во сите групи, посебно тоа беше тешко во групите каде беа ставени децата лидери или едно од децата врз кое се вршеше колективно насилство. Интересно беше да се следат групите во вакви ситуации каде треба тимска и брза активност. Најтешко им одеше на групата од лидери бидејќи сите сакаа да бидат главни, секој го наметнуваше својот став без отстапки па доаѓаше до конфликти, гласност, лутење и пробување да се напушти групата и на крај нормално или не завршена или делимично завршена задача и ако се работеше за солидни ученици.Имаше негодување од страна на учениците за да се променат членовите во групите но измените не беа направени затоа што и тоа беше целта да почнат да размислуваат поинаку, да мора да соработуваат. После повеќе вакви и слични на нив игри- квизови, се осети видлив напредок во меѓусебната комуникација кое пак даде резултати во подобрување на климата во одделението.

 

СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ. ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИКИТЕ. - Часови на кои децата беа поттикнувани да размислуваат за своите постапки и постапките на нивните другарчиња. Користени се  содржини од Животни вештини како „Приказни за Инга“, „Конфликтите се скалила“, „Исмеаната Леа“ но и примери од секојдневни случки во одделението. За секоја нивна активност јавно беа пофалувани или опоменувани, но не преку куси забелешки или краток говор напротив се одвојуваше еден час на кој исклучиво се разговараше за настанатиот проблем, ги поттикнував учениците да даваат свој суд, при тоа укажувајќи им дека потполно ќе го прифатам нивното мислење без да има некакви реперкусии кон нив, им задавав писмено да се искажат за проблемот со доделување на улога, најчесто улога на жртвата а потоа јавно ги читаа своите видувања пред учениците. Понекогаш поради ослободување од стравот на стигматизација од соучениците за нивните размислувања писмените видувања беа анонимни и ги разгледував само јас.

 

Често им задавав теми поврзани за дисциплината во одделението и од нив барав самокритичност и идеи како тие би го решиле проблемот. Сите нивни видувања и прибелешки ги собираа во нивните лични портфолија кои сами ги пополнуваа и беа достапни само за нив, за мене и родителот. На крајот од едно тримесечие сами се оценуваа до каде се со напредокот во дисциплина и подобрување на другарството. Во одредени активности беа подложни на анкети кои ги поттикнуваа на размислување и самооценување на своето поведение.

На крајот од учебната година не можам да се пофалам дека 100% го искоренив насилството но сепак успеав на високо ниво да ја подигнам свеста кај учениците, нивната соработка видливо се подобри а со тоа се подобри за одреден степен и нивото на знаење.

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz