содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-04-18, 5:33 AM



Ова е нашата училница. Нашите другарчиња пчелки вредно работат и учат. Сега имаат час по математика. Учат како да множат и делат со помош на табела.

Кој ли е пред вратата? Се слуша некаков џагор!!

Тоа се нашите другарчиња! Веќе стасале сигурно се изморени да ги поканеме да влезат во училницата.

                    Во училницата не било никогаш повесело!

            Ечи песна и смеа од детски и пчелкин глас.

Денес мои драги ученици пчелки имаме друштво. Тоа се учениците од селото блиску до нашата шума. Денес ќе им покажеме како ние пчелките множиме и делиме на наш начин.

Па да почнеме. Пред да ги земеме табелите ајде да се потсетиме што знаеме за множењето и делењето.

 

А сега добро разгледајте ја табелата за множење и делење. Што забележувате во вториот, третиот, четвртиот......... ред. Како се редат броевите. Еве јас ќе ви помогнам за вториот и третиот ред а вие ќе определите како се редат броевите во другите редови.  Вториот ред почнува од бројот 2 и низата се зголемува за 2. Така ги добивме сите парни броеви до 20. Третиот ред почнува  со бројот 3 и низата се зголемува за 3 чекори. Сега вие определете ги чекорите во наредните редови.

Сега ќе ве замолам да бидете внимателни и во вашите рачиња да ги земете провидните ленти. Следете ги пчелките Мики и Вики како ги разместуваат лентите. Мики го бара деленикот и лентата ја влече надолу а Вики го бара делителот и лентата ја турка на напред.

Во овој пример добивме дека 42 поделено со 6 следејќи ги лентите и стрелките е 7. Ако ги поврземе трите броја добиваме еден триаголник. Крајните броеви на триаголникот кога ќе ги помножеме го добиваме најголемиот број од триаголниот или 6 множено со 7 се добива 42.

 

За подобро да научите Мики и Вики ќе решат уште две задачи.

Еве ја пчелката Цветка! Денес по математика  доби задача своите цветови да ги дели со неколку другарчиња. Но гледам дека нешто е загрижена сигурно има некаков проблем!

Ајде Цветка да почнеме да ги делиме цветовите пополека. Имаш 5 цвета а 3 пчелички. Сега ќе разместуваш кај секоја пчелка по еден цвет. Ќе ги делиме цветовите додека не добијат сите три пчелки еднаков број цветови.

 

Во првата задача трите пчелки добија по еден цвет додека тебе ти останаа два цвета кои нема да ги поделиш на пчелките затоа што една од нив нема да добие два цвета туку само еден цвет со тоа ќе избегнеш и караница помеѓу нив. Тие два цвета што останаа кај тебе ќе ги викаме остаток.  Истото тоа се случува и во втората задача само што кај тебе како остаток останува еден цвет. Дали ме разбра Цветка?

 

Пополека дојде и крајот на нашето дружење.

На задоволството му нема крај. Заедно работат пчелките и децата. Но веќе Сонцето заоѓа зад планината а ние мораме да ги испратиме нашите другарчиња до нивното училиште. Сигурно ќе се загрижат и нивните родители.

За крај за оние кои се љубопитни.

Следете ги стрелките на табелата и утврдете како се зголемуваат или намалуваат низите?  Какви се тие броеви?

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz