содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Saturday, 2024-04-27, 0:54 AM



РУДИ И ЛЕО!

Движејќи се помеѓу кафезите во ЗОО паркот вниманието на Борче и Ана им го свртеа две мали и слатки животинки. Едно мало и пегаво срнче и слатко жолто-кафеникаво маче, ама не обично маче туку мало лавче кое мислеше дека има силен рик како лав па ќе ги исплаши децата.

И Борче и Ана пријателски  се доближија до нив. Малото срнче се припитоми до Ана додека лавчето сеуште се замислуваше дека е силен и страшен лав па врескаше кон Борче. Одеднаш срнчето прозборе со човечки глас и им се обрати на децата: -Не се плашете од Лео тој само сака да си игра. 

Борче и Ана зачудено се погледнаа, малото срнче зборува... Не се чудете што зборуваме- им рече срнчето. Па ние веќе цел ден ве чекаме да дојдете, се дружевте со рибите, со пингвините, со инсектите, време е малку да се дружите и со нас.                     

Јас се викам Руди, срнчето Руди а овој викачко до мене е лавчето Лео. И ние како и другите животни сакаме да ви кажеме по нешто за нас. Дали сте спремни да ја посетите саваната и шумата.

Ние доаѓаме од различни фамилии, еве јас доаѓам од фамилијата тревопасни животни затоа што се храниме со трева, нашите заби се ситни,  мали и  доволно јаки да ја откинат тревата, имаме долги и танки нозе кои завршуваат со папци. Со такви нозе многу лесно трчаме и му бегаме на оној кој сака да не улови.

 А јас пак доаѓам од фамилијата месојадни животни. Нашите заби се силни големи и остри за да можат да го раскинат месото од нашата жртва, а на нозете имаме шепи на кои има големи канџи за полесно да го уловиме пленот.

Но и двајцата сме ЦИЦАЧИ. Тоа значи дека кога ќе се родиме додека сме мали се храниме со мајчиното млеко.

Ова се нашите семејства, како и вие, и ние имаме мајка и  татко.Нашите мајки не носат во нивната утроба. Кога ќе се родиме за нас се грижат двајцата родители.

Ние живееме во различна средина.

Ние елените, срните живееме во листопадни шуми, повеќе сме ноќни животни. Навечер излегуваме да пасеме трева, а преку ден се засолнуваме во нашите скривалишта. Дење се криеме затоа што лесно може да не улови некоја дива мачка или волк.

Јас пак живеам во саваните, тоа се области со ниска трева за да можеме полесно да трчаме и да ги ловиме нашите пленови. Секогаш ловиме заедно.

Ние лавовите живееме од 10 до 14 години. Живееме во групи. За нас родителите се грижат околу шест месеци. Од непријатели подеднакво не бранат и мама и тато. Тато е многу силен, неговото рикање е толку силно што се слуша и на растојание од 8 километри

И ние живееме во групи. Се додека не пораснеме за нас се грижат нашите родители. Тато е поголем од мама и многу лесно се препознава затоа што на главата има големи рогови кои му служат за да се заљуби мама во него. Потоа тие рогови му отпаѓаат и на нивното место никнуваат нови. Нешто што треба да го знаете за нас е дека ние сме ПРЕЖИВАРИ.

Преживарите имаат сложен систем за варење. Храната прво ја џвакаат, потоа ја голтаат во во посебен дел од желудникот. По извесно време кога храната е полу варена повторно ја враќаат во устата и ја голтаат.

Кога ќе пораснам колку мојот постар брат и мене ќе почне да ми расне гривна на главата. Гривната е со кафеава боја и ја имаат само мажјаците, по тоа се раликуваат од лавиците. Понекогаш мажјаците во  групата знаат да бидат многу лоши и сакаат да не убијат нас малите. Но затоа мајките лавици се здружуваат и не бранат од таквите лоши лавови.

Ова е мојата постара сестра. Таа сеуште не е доволно голема за да се грижии самата за себе.  Додека сме помали на нашето крзно по грбот имаме точки какви што ги имам јас. Како растеме тие точки се губат. Бојата на крзното се менува во сивкасто кафеава боја како на мојата сестра.  На челото на мажјаците се јавуваат и првите рокчиња. Во почетокот се мали но подоцна растат големи.

Кога доволно ќе пораснеме  се одвојуваме од нашите родители и животот го продолжуваме сами.

Секој од нас си пронаоѓа партнерка со која формира семејство.  И така продолжува да се одржува нашиот вид.

Да бидеме внимателни. Лавовите се опасни за нас луѓето, а додека елените можеме да ги исплашеме и да побегнат длабоко во шумата.

И двајцата сме многу нестрпливи.

Едвај чекаме да пораснеме. Погледнете како ќе изгледаме.

За крај пред да се разделиме да се потсетиме како изгледаше нашиот животен циклус.

На крајот од нашето патување направивме една заедничка слика, за да не потсеќа на убавото дружење со Руди и Лео.

 

 

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz