содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Saturday, 2024-04-27, 1:29 AM



                                        

 

Сигурно се прашувате што ли прави еден штрк меѓу овие пчелички. Е па јас не сум обичен штрк! Јас сум оној штрк за кој сите родители им зборуваат на своите деца дека сум ги донесол на свет. Јас сум Пепино, славниот штрк што во својот клун наместо жаби има пелена со мало бебе.

Денес одлучив да им ја кажам вистината на овие вредни пчелички и да заминам на заслужен одмор.

За  полесно да им објаснам одлучив да ги однесам во блиската болница, на одделението за НЕОНАТОЛОГИЈА. Кога им ја спомнав болницата прв кој негодуваше беше Адис. Се сеќавате на него? - Па тоа е она момче кое си го раскрвави коленото, кое го запозна Чича Костур. Се исплаши дека повторно ќе го носиме на преглед. Но Неонатологија е место каде се раѓаат новороденчиња. Па така ем им олесна ем се збунија како тоа таму се раѓаат новороденчиња.

И така како по навика прва почна Едина да се запрашува  и чуди.

Навистина сум збунета?!?!? Што ли е точно од сето ова?

Пепино вели дека бебињата се раѓаат во болница!           Мама вели дека ме донесе штркот!

         Здраво деца!

  Јас ќе му помогнам на Пепино и ќе ви објаснам што е точно .  Ќе ви покажам како вие доаѓате на свет.        Ајде со мене на моето одделение.        

Ова е лекар неонатолог.                                               

                                                                                                       

Ова е мојот тим од лекари и медицински сестри. Сите заедно се грижиме што е можно полесно да дојдете на свет, а потоа и за вашето здравје и здравјето на вашата мајка  додека сте во болницата.

           

Хахаха!! Не сте влегле во стомакот на мајката, туку сте настанале во него. А за да видете како, најпрво треба да се запознаете со нив. Со женската и машката полова клетка.

                    

Здраво!  Ние сме тие од кои настанува новиот живот.

                    Јас сум ГАМЕТА!                 А јас сум СПЕРМАТОЗОИД!

                        

Гамета ја преставува мама, додека Сперматозоид го преставува тато. Тие се полови клетки. Кога ќе настане нивно спојување се создава оплодена јајце клетка. Во оплодената јајце клетка се создава нов живот тоа сте вие или вашето братче или сестриче.

Во утробата на мајката се развивате точно 9 месеци или 280 дена. Во тие месеци вашето мало тело поминува низ различни промени.

Ако сме 9 месеци во утобата на мајката мене не ми е јасно како ние се храниме, како дишеме?

Додека сте во утробата на мајката за вашата исхрана е задолжена вашата мајка. Таа треба да се храни здраво и квалитетно. Сте се запрашале за што ви служи вашиот папок?  Папокот бил вашата врска со мајката. Вашиот папок е дел од папочната врвца со која сте поврзани за мајката и преку која се храните и добивате кислород - дишете. Се она што е непотребно од вашиот организам повторно го враќате во крвта на мајката преку папочната врвца. Додека сте во утробата на мајката вие пливате во вода која е наречена плодова вода. Во неа сте заштитени и ја имате соодветната телесна температура.

А што ако бебето се роди порано од тие 9 месеци? Дали тоа ќе може да живее?

Тоа се случува. Но ако бебето се роди порано тогаш ние лекарите го ставаме во ИНКУБАТОР. Таму добива потребен кислород, храна - млеко од мајката- и топлина за да може да преживее. Во него останува додека не порасне доволно за да може само да дише.

А како настануваат машките и женските бебиња? Кој одлучува за тоа?

За тоа одлучуваме ние! Се викаме ХРОМОЗОМИ!

Хромозомот Х (икс) е носител на женски пол. Женската јајце клетка ГАМЕТА секогаш носи ХХ хромозоми. Хромозомот У (ипсилон) е носител на машки пол. Машката полова клетка СПЕРМАТОЗОИД е носител на Х и на У хромозом. Ако при оплодувањето на клетката се поврзат хромозомот Х од мајката и У од таткото тогаш бебето ќе биде  од машки пол. Доколку при оплодувањето на јајце клетката се поврзат хромозомите Х од мајката и Х од таткото бебето ќе биде од женски пол.

 

Ние сме како мали компјутери. Во нас се запишани податоци од вашата мајка и татко. Но не само од нив туку и од вашите баби дедовци и од вашите подалечни роднини. Тие податоци се ГЕНИ од кои зависи дали ќе имате светол или темен тен, дали ќе имате кафеави, зелени или сини очи. Колку ќе бидете високи, за што ќе бидете надарени..........

 

 

 Се надевам дека сега ви појаснивме како сте настанале и кој ве донесе на свет.  Штркот Пепино може да замине на заслужен одмор.

Но вашиот животен циклус не завршува тука, туку  тој штотуку почнува.  Од новороденче ќе пораснете во бебе, потоа во претшколско па во школско дете. Потоа ќе станете бунтовни тинејџери, па млади кога ќе ја сетите и првата љубов. Животниот циклус ќе продолжи во зрела личност кога ќе станете родители, за на крај да ја доживеете и вашата старост.

=>=>=>=>=>

 

              

                                        

               Од нашата работилница!




http://vrednipceli.ucoz.com/index/ko_me_donese_na_svet_shtrkot_ili_mama/0-69

                                        

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz