содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 5:22 PM



    

 

Здраво!!! Јас сум малата капка вода, некои ме викаат и по моето второ име

H2O (ха два о).

Денес се дружев со  вредните пчелички. И да знаете навистина се вредни и многу љубопитни.

Тоа се случи еве вака: Едина и Даниел беа дежурни во училницата. Кога дојде редот да ги прередат книгите во библиотеката налетаа право на мене. И бидејќи, веќе еднаш кажав дека се многу љубопитни од одма почнаа да ја листаат книгата.

 

Пополека околу нив се собраа и останатите ученици. Навистина беше интересно да ги гледаш нивните лица кога јас и моите роднини капки  оживеавме  од книгата.

И, ете ти смеа и бркотница низ училницата. Водени капки летаа по среќните лица на децата. Мелиса, која секогаш е полна со прашања не чекаше долго, веднаш ги зеде моливчето, тетратката во раката и почна да не испрашува: Кои сте те вие? Од каде дојдовте? ЗОШТО? КАКО? КОЛКУ?- како  прав научник.

Отворете на првата страна таму ќе најдете се за нас!

Во природата нас не има во три агрегатни состојби!

Агрегатна состојба???????

Агрегатната состојба ја претставува густината на супстанцијата. Некогаш сме погусти а некогаш сме слободни и ретки.

Ова се наши фотографии, додека патуваме низ природата обожаваме да се фотографираме .Се надевам дека ќе не препознаете. На секоја фотографија  сме во различна агрегатна состојба. Убави сме кога сме капки но многу си се сакам кога сум нежна снегулка.

 

Како тоа ја менувате агрегатната состојба!  Зарем и оние облачиња сте вие? Многу ме интересира како се менувате во облачиња?

Така е и облачињата сме ние. Тогаш сме високо на небото, си играме со Ветерко, ве гледаме и  вас и вашите игри  и палавштини.

Јас најмногу ги сакам ниските облаци и тоа во зима, затоа што сакам да бидам снегулка, сакам да си играм со снегулките, убаво ми е кога ми прават ѕвезден ѓердан околу вратот!

                                                                                                                        

Тогаш ајде да погледнеме како настануваат капките дожд и снегулките   

Се прашувам што се случува со снегулките кога ќе се појави топлото сонце? Каде одат тие?

Не одиме никаде ние сме тука само ја менуваме нашата агрегатна состојба. Кога топлото сонце ќе изгрее снегулките се топат и стануваат капки, колку повеќе се затоплува и температурата се покачува,  почнуваме и ние да ја менуваме агрегатната состојба, почнуваме да испаруваме  и преминуваме во водена пареа. На небото изгледаме како облаци. Кога ќе се судриме со  студен воздух, повторно се претвораме во капки, ако пак  воздухот  е многу студен тогаш се претвораме во снегулки. Па ете сме на земјата како дожд или снег. Дел од нас ги полнат реките езерата и морињата, дел одат длабоко во земјата и остануваат како подземни води, додека дел се наоѓаат во растенијата. И повторно кога сонцето ќе изгрее и ќе ја покачи температурата започнуваме со нашиот круг, повторно испаруваме, се претвораме во облаци,кондезираме и паѓаме како дожд или снег..... Треба да знаете дека водата во природата постојано кружи.

Ако некој не не разбра еве уште еднаш да повториме  како ја менуваме агрегатната состојба.

 

Кога ни објаснуваше за агрегатната состојба ни кажа дека ја менувате густината. Јас секако пробав но не успеав да си објаснам што е тоа густина и како ја менувате. Што вистински се менува кај вас?

Сите материјали во природата се изградени од честици, па така и ние. Кога на нас се делува со висока или ниска температура  честиците почнуваат да ја менуваат нивната подвижност. Кога температурата е ниска честиците се збиваат многу блиску една до друга и се неподвижни, тогаш преминуваме во мраз. Кога на мразот ќе се делува со позитивна температура, честиците се раздвижуваат и стануваат малку послободни, можат да се движат во помала мера. Така мразот преминува во течна состојба - вода. Кога на водата пак се делува со температура од 100оС честиците се ослободуваат една од друга ги раскинуваат меѓусебните врски и слободно се движат насекаде во просторот, така водата преминува во водена пареа.

        

Од нашата работилница!

 

 

 

 

 

 

/voda/kruzenje_na_vodata.pdf

/voda/kruzenje_na_voda_2.pdf

    

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz