содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 8:28 AM



           

 

Последен ден од оваа година. Секој некаде брза. Последните подготовки за пречек на Новата Година се при крај. И јас се подготвив за нашата забава „ ЗАБАВА НА СНЕШКОВЦИТЕ“.  Додека чекам да дојде времето за забава ќе ви прочитам една новогодишна бајка. Една бајка за една елка.

 

Длабоко во шумата на една пољана имаше малечка елка, чија единствена желба беше  да порасне  што побргу. Таа не уживаше во благата топлина на сонцето, ниту во свeжиот шумски воздух. Не ги сакаше децата што береа наоколу капини и јагоди, а пред неа восхитено извикуваа:„Видете, колку е убава оваа малечка елка!“

Зборовите „малечка елка“ болно ја погаѓаа. Но веќе следната година порасна цела педа, а по две години уште за толку. Па сепак незадоволно воздивнуваше: „ Ох, што не сум како моите постари сестри, па да ги раширам моите зелени скутови, а со челото да се загледам во сините далечини! Птиците во моите круни би граделе гнезда, а кога ќе зафучат моќните ветрови, би им се поклонувала елегантно наведнувајќи ја главата, како што го прават тоа боровите со убава става!“

Таа зима, бегајќи пред ловците, налета на младата елка еден зајак и лесно ја прескокна. О,колку ја налути тоа! Но третата година толку порасна што зајакот овој пат мораше да ја заобиколи. „Ох, да се порасне, да се порасне што побргу! Да се исплива од туѓата сенка и да се кренам со главата во небесата, тоа е најголемата радост и убавина на овој свет!“ шушкаше, кој знае по кој пат, младата елка.

Есента дојдоа шумарите и пресекоа неколку најголеми борови. Потоа им ги пресекоа гранките па набргу останаа само голи, витки стебла, па во нив не можеше да се препознаат оние моќни дрвја, што се издишуваа горделиво во небото, ширејќи ги своите силни зелени раце. Луѓето ги натоварија стеблата на кола и коњите ги одвлечкаа. Каде ќе ги носат и што ќе ги чека?

Пролетта младата елка ги прашаше ластовичките и штрковите, што се спуштаа на нејзините гранки за да се одморат малку од долгиот пат:„ Знаете ли каде ги однесоа боровите од мојата шума?“

Ластовичките не знаеја, но еден штрк рече: „Додека летав преку морето, гледав под себе многу бродови со убави, високи катарки. Судејќи по нината миризба би рекол дека тоа беа тие борови за кои ме прашаш!“

„Ох, колку би сакала и јас да пловам по далечното море! Како  ли изгледа тоа?!“  Сонцето благо ја помилува елката,ветрот благо ја заниша во својата прегратка и ја бакна, а росата почна да ја оплакува нејзината лудост со проѕирни солзи што блескаа на младите иглени гранки со сите бои на виножитото. 

„Радувај се што си толку мала!“ и шепотеа. Но младата елка не можеше и  не сакаше  да ги разбере.

 

Пред новата година пак дојдоа луѓето со секири. Овој пат по шумата сечеа само млади елки заедно со гранките и ги товареа во кола. „Каде ќе ги носат овие? - Сите се мои врсници. Би сакала само да знам зошто им ги оставија гранките!“ се прашуваше зачудено елката.

„Џив,знаеме ние! Џив, знаеме ние!“ завревија врапците. Минатата зима бевме долу во градот и ѕирнувавме низ прозорците! Таму елките ги чека убавина како што може  само да се замисли! Како најмил гостин ќе ги стават сред собата, а потоа ќе ги накитат со јаболка, со медени колачиња, со прекрасни украси и со многубројни шарени свеќички.“ „А потоа?“ нестрпливо чекаше елката. „Тоа е се што видовме, но сепак убава глетка за долго да ја паметиме!“

„Ох, што не можам и јас да сум во некој таква соба!“ воздивнуаше елката. „Кој знае можеби и мене еден ден ќе ми се насмевне среќата.“

„Колку е убава и стројна оваа млада елка!“ Залудно минувачите застануваа пред неа и и се восхитуваа. Во својата потиштеност ниту ги гледаше ниту ги слушаше.

Четвртата зима, пред нова година пак дојдоа луѓето со секири и ја кутнаа младата елка.  Почуствува само кратка, силна болка а потоа одвај чујно воздивнувајќи падна во снегот. Во тој момент престана да мисли на големата среќа што ја чека во градот и срцето и се наполни со длабока жалост заради разделувањето од нејзините другарки. Знаеше дека никогаш повеќе нема да ги види, ниту нив ниту цвеќињата, ниту тревата, ниту птиците со кои другаруваше. Од овие невесели мисли се сепна дури кога ја истоварија заедно со другите елки во некој градски двор. Еден убаво  облечен човек, застана крај неа и таа ги слушна неговите зборови: „Оваа е прекрасна! Неа ќе ја земам!“

Веднаш потоа елката се најде во една прекрасна соба во која пламтеше оган во мермерниот камин. Големи вазни, сребрени свеќници,  каучи прекриени со свила и столови за нишање ја красеа собата, а масите беа со сликовници и со разни играчки. Ја ставија во едно буре полно со песок, но тоа не се ни забележуваше, бидејќи од сите страни беше обложено со густи гранки од елка.

О, колку се затресе од радост кога почнаа да ја китат. На нејзините гранки се најдоа ореви, блескави кугли, со црвени, сини  и бели свеќи. На нејзините гранки се нишаа кукли а високо горе на врвот блескаше голема раскошна ѕвезда.

 

„Одвај чекам да ги запалат свеќичките!“ скришно воздивна елката, која од силна возбуда почна да ја боли кората, а тоа кај дрвјата е исто што и болењето глава кај луѓето. Најпосле дојде и тој момент па ги запалија свеќичките. Веднаш потоа  се отвори големата двокрилна врата и децата се стрчаа кон елката, а по нив полека влегоа и возрасните. Само неколку мига застанаа децата пред елката неми од восхитување, потоа со весели извици заиграа околу неа и веднаш ги испокинаа од гранките сите подароци.  „Што правите тоа?“ се вознемири елката. Но она најлошото сега доаѓаше. Штом сите свеќи догореа, децата се нафрлија врз елката и безобзирно почнаа да ја пљачкаат, грабејќи од нејзините гранки медените колачиња, оревите и бонбоните, се додека наполно не ја оголија. Најпосле остана наполно искубана и никој повеќе не сакаше да ја погледне.

„Раскажи ни приказна! Сакаме приказна!“ го опколија сега децата еден малечок, полничок човек па почнаа да го  влечкаат кон клупата што се наоѓаше пред елката. Елката заедно со децата ја слушаше приказната која ја раскажа човекот за Павчичка Трапавичка што паднала надолу по скалите а на крај пак се добро завршило. „Ех, кој знае можеби и јас ќе паднам надолу по скали за да се сврши на крај се добро!“

Младата елка однапред му се радуваше на утрешниот ден кога повторно ќе ја накитат. Но следниот ден уште изутрина ја одвлечкаа на таван, каде што ја потпреа на ѕидот во еден темен агол. „Што треба да значи ова? Зошто ме одвлечкаа овде?“ се чудеше елката. Минеа денови и ноќи а никој не се враќаше по неа. Најпосле се сети и извика: „Сега знам! Па надвор е зима, земјата е замрзната и покриена со снег затоа не можат да ме насадат. Овде ме заштитуваат од студот. Кога ќе дојдат топлите пролетни денови ќе ме насадат на старото место. Ама се добри овие луѓе! Само да не е толку темно и пусто во ова катче. Никаде зајак да мине, ниту птица да летне!“

Од дупката на ѕидот се слушна глас на еден глушец кој ја нарече стара елка. Елката се налути и му возврати дека е млада. Му раскажа дека доаѓа од шумата, каде грее сонцето а птиците постојано пеат весели песни. Им раскажа за новогодишната ноќ и за нејзиното празнување. „Ох“, рекоа глувците „колку си била среќна и колку убаво умееш да раскажуваш.“ Следната ноќ дојдоа многу повеќе глувци и елката мораше да ја повтори својата приказна, што на крајот ја заврши со овие зборови: „Да, тоа беа среќни времиња и јас сум уверена дека еднаш пак ќе се вратат!  И ПавчичкаТрапавичка паднала надолу по скалите, а на крајот сепак се добро се свршило.“ По овие зборови мораше да им ја раскаже на љубопитните глувци и споменатата приказна за Павчичка Трапавичка.

Набрзо на глувците им се здодеа да ја слушаат истата приказна па елката остана сама со својата тага чекајќи ја пролетта. Најпосле, еден ден пак се појавија луѓе и почнаа да го суредуваат таванот. Еден ја зеде елката и ја однесе во дворот. „Ете и за мене дојдоа убави денови!“ се израдува елката.

„Види што останало на оваа грда стара елка!“ извика едно дете и ја тргна ѕвездата газејќи и ги трошливите гранки на елката.

„Свршено е“ воздивна елката со своите суви гранки. „О што не умеев да му се радувам на животот! Сега се е свршено!“

Нејзините последни размислувања ги прекина човекот што зеде секира и ја исече на парчиња, а потоа ја однесе во онаа иста соба, сред која некогаш блескаше со својот полн сјај, и ја фрли во каминот. Децата си играа со викотница и никој не забележа кога пламна елката и фрлајќи искри на сите страни.

Се надевам дека ви се допадна сказната. За крај само  ви посакувам секогаш да бидете среќни и весели. Да му се радувате на секој миг од животот, да не брзате како малата елка да пораснете. Бидете што е можно подолго деца. Сонувајте и не престанувајте да сонувате. Кога сонот ќе престане престанува и вашето детство.

СРЕЌНА НОВА 2017 ГОДИНА!!!

 

 

 

      

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz