Ова е Џепето. Тој се наоѓа пред неговата славна пицерија.
Сигурно се сеќавате на него? Тој ни беше гостин во нашата училница. Мајстор е за пици, но и за дропки. Овој пат вредните пчелички беа на гости кај него.
Сигурно мислите дека пчеличките само седеа и се гостеа со вкусните пици!
Е ама ако така мислите тогаш сте згрешиле. Навистина се сладеа со пици но и многу работеа, и учеа.
Да! Да! Многу учеа. Нели Џепето е мајстор за дропки, па така тој цело време ги подучуваше за нив. Нивната посета не беше седење во клупа. Не само што не седнаа туку цело време учеа преку работата.
Тоа беше еве вака: Амина Андреј и Емир продаваа и разнесуваа пици, но имаа чудна задача мораше да продаваат или само третини, или само четвртини, или само осмини. И што е најчудно потребно беше да ги бројат истите и да ги преставуваат како дропки.
Толку многу се зафатени со броење што не ме ни забележуваат.
Бројат третини, четвртини, осмини..... Амина цело време продава третини, Андреј осмини а Емир продава само четвртинки.
Сето ова им беше многу чудно, не можеа да си објаснат зошто е сето тоа кога многу полесно им беше да ги бројат продадените цели пици.
По завршувањето на смената тие секој ден му пренесуваа на Џепето колку парчиња пици продале, а тој од нив тогаш бараше да пронајдат колку цели пици потрошиле за да продадат толку парчиња.
Така без да се досетат малите пчелички започнаа да решаваат посложени задачи со дропките!
Тие не ни можеа да насетат дека започнаа да претворат неправилна дропка во мешана дропка. Секое од нив решаваше на различен начин. Амина полесно и беше да составува од нејзините продадени парчиња пици цели пици. Еве погледнете како:
Андреј пак се досети дека дробната црта може да ја замени со делењето и побрзо да си ја заврши својата работа, затоа тој ги делеше парчињата продадени пици со осминката.
Маја спомна некакви неправилни и мешани дропки?
Што ли се тоа????
За нив најдобро ќе ти објасне Џепето, Мелиса.
Еве погледни што има тој да каже за дропките.
Секогаш постои по некој сезнајко и прашувалко.
Е јас за таквите како овој Емир имам спремено посебни задачи. Тој ќе бара дел од целата пица.
Погледнете како!
Толку од мене! Сега јас си ја продолжувам мојата мајсторија со пиците, а вас ве оставам да се подружите со дропките. Добро запомнете какви видови дропки има, и како се претвораат неправилните дропки во мешани. Се гледаме на некој друг час!!!
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ!!!!
ЗА ВАШАТА ДОМАШНА ЗАДАЧА!
/pica/dropki.pdf
/pica/dropki_5.pdf
|