содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Wednesday, 2024-04-24, 8:55 PM



 

ЗЛАТНАТА РИПКА КАРОЛИНА

Шетајќи по ЗОО паркот Борче и Ана стасаа до големиот аквариум. Со големо внимание ги гледаа жителите во него. Во него се сместени риби од различни краеви на светот. Ана се воодушевуваше од боите на рибите. Некои од рибите се лепеа со своите усни по стаклото, како да ги задеваа децата. Погледни Борче тука нема само риби, ене една морска ѕвезда и школка! - весело извикуваше Ана. Види, види ене и едно морско коњче се задева со ракчето.

 

 

Еј!  Ана, мене само ми се причинува или  навистина гледам . Зачудено ги триеше Борче очите.

Здраво деца! Не се чудете, навистина ме гледате, јас сум Каролина златната рипка. Ве слушав како си разговарате за рибите во аквариумот, слушнав колку многу работи сакате да дознаете. И ете решив да ви помогнам.

А ти, бидејќи си златна рипка, можеш да ни исполниш неколку желби- праша љубопитно Борче. Ееех Борче, па јас сум само риба не сум волшебник,  таквите златни риби кои исполнуваат  желби постојат само во бајките. Можам само да ве поведам во длабочините на морето заедно со мене за да го видите мојот дом и да научите нешто повеќе за мене и моите пријатели. А сега замижете и силно посакајте да  сте долу под водата на морското  дно.

Така Борче Ана и Каролина се најдоа во морето и сите заедно пливаа до дното.

Ана и Борче не можеа да се изначудат на прекрасниот воден свет,

живите бои на рибите, на коралите.

     

Ги следеа игрите на делфините и октоподите, се смееа на акробациите на рибата кловн, си поигруваа со пипалата на медузите......

Ете така сега веќе сме на дното од морето- рече Каролина. Ова е мојот дом, треба да знаете дека сите водни животни не живеат во ист дом, имаме различна животна средина.Некои од нас живеат во морињата и океаните каде водата е солена, а некои пак живеат во реките, барите, мочуриштата и езерата каде водата е слатка.

 

 

Ама како вие живеете под вода? - прашуваше Ана- па нели ви треба воздух?

Ех и на тоа помислив дека ќе ме прашате - рече Каролина. Ние водните животни не дишеме како вас на бели дробови, ние дишеме со жабри. Нашето тело е прилагодено така за полесно да се движиме низ водата, сплоснато е и има неколку пара перки и е покриено со стргунки или уште  ги викаат крлушки. Кога ќе сакате да ме фатите нема да можете затоа што моето тело е обложено со лигава материја па јас лесно се лизгам од рацете а таа материја пак ме прави побрзо да се движам во водата и полесно да го совладувам отпорот на водата... Затоа јас пливам многу побрзо од вас.

 

Со што се храните вие рибите?

Сите ние се разликуваме меѓу себе во начинот на исхрана. Некои риби како мене се хранат со растенија - алги кои растат во водата, затоа и немаме силни вилици и големи заби. Но, еве ајкулите и пираните  на пример се хранат со месо, тие се грабливки, затоа нивните вилици се големи, цврсти и имаат силни и оштри заби. Некои риби се сештојади се хранат со храна од растително и од животинско потекло. Рибата чистач ги чисти сите остатоци од храна околу поголемите риби, остатоци од храна кои се наоѓаат на дното од морето...

 

 

Каде се твоите родители? Имаш ли ти братче или сестриче или си сама?

Имам и тоа многу и братчиња и сестрички. Исто како и вие, и ние имаме мајка и татко. Како и сите други и ние рибите за да дојдеме на свет потребно е да имаме родители. Меѓу нас се разликуваме само по начинот на доаѓање на свет. Некои од нас на свет доаѓаат преку јајца - ИКРИ-,а некои со раѓање на живи млади.


 

Мама и тато.

 

Мојот вид се разможува преку -МРЕСТЕЊЕ - полагање на икра. Бидејќи јајцата лебдат слободно во водата, мама полага многу икри,  понекогаш и до 5 милиони. Кај моите роднини кои живеат во езерата или реките мајките се мрестат во  гнезда за заштита на јајцата, а има и случаи кога мама и тата ги чуваат истите.

 

Додека сме мали мама и тато се грижат за нас. Не пуштаат да пливаме околу нив, но кога доаѓа некаква опасност ние бидејќи сме мали се криеме во устата на мама. Не чудете се, не не голта, само не штити додека помине опасноста.

Кога ќе пораснеме се одвојуваме од нашите родители и го продолжуваме нашиот живот самостојно. Исто како и мама и тато и ние си бараме партнер  и го продолжуваме нашиот вид преку размножување.

 

Пред да се разделиме имам нешто многу важно да ви кажам.

Треба да знаете дека ние рибите сме многу корисни за вас луѓето. Богати сме со рибино масло кое е важно за вашиот развој, за растот на коските, за отпорноста кон разни болести...

А сега да повториме што научивме:

 

 

 

И за крај пред нашата разделба да направиме една заедничка фотографија.

ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz