содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 109

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Thursday, 2024-05-02, 0:56 AM



                                                                      

                    

 

 

- Оф, каква судбина ме снајде! - Да те однесе ветрот далеку од своето родно стебло, далеку од своите браќа и сестри. Да лебдиш низ воздухот заборавен и сам.

Ах заборавив да ви се преставам. Еве јас сум еден тажен и осамен дабов лист.  Каде ли ќе завршам? - Кој знае колку е досадно да лежиш и да чмаеш наземи....Дури ни ластовичките повеќе немаат време за мене. Велат се брзале да се спремаат и да одлетаат во топлите краишта пред да дувнат студените есенски ветрови. Се прашувам што ли ќе прават таму? Зошто не остануваат овде да ја дочекаат зимата и да се радуваат на снегот?

                                                                         

(кликни на книгата)

И така дабовиот лист  офкаше и стенкаше, оплакувајќи си ја својата судбина кога во еден момент налета на една весела пчелка. Здраво! - Јас сум Маја.- А, ти? - Кој си ти? И зошто толку офкаш и се жалиш. Зарем не и се радуваш на есента?

                                                                                              

Како да и се радувам на есента!? - плачливо зборуваше дабовиот лист- кога ветрот ме однесе далеку од домот.  Зарем кога си осамен можеш да бидеш и среќен. Со кого ќе се дружам? - На кого ќе раскажувам приказни?

-Ех барем тоа е лесно! - радосно извика Маја. Јас ќе те запознаам со моите другарчиња, вредните пчелички. Тие се многу љубопитни и желни за нови приказни,  така  ти ќе имаш на кого да му раскажуваш. Ајде со мене следиме ќе те одведам до нивното училиште. Знаеш оваа година во нашето училиште ни долетаа уште три нови пчелички, Најмали ама и најљубопитни.

   

                                                                               

 

                                                                       

Ова се Селма, Илма и Енес. Новите другарчиња, најмалите првачиња.

Но јас не умеам да раскажувам во училница. Најдобро раскажувам кога сум надвор во природа. Затоа ајде земете си ги чадорчињата. Надвор врне есенски дожд но тоа нема да биде пречка за нас.

 

                                                 

                         

Ова дрво е мојот дом а она се моите браќа и сестри!

А зошто сте обоени во жолто кафеава боја?- љубопитен е Енес?

Затоа што е есен а бојата на есента е жолта.

Есееен??? А која е таа есен? - се прашуваше Илма.

Есента е  сестра на годишните времиња - рече дабовиот лист. Таа е сликарка која ја обојува природата во жолто кафеава и пламено црвена боја. Ене заедно со Ветерко си играат со лисјата од стариот даб.

Ајде и ние да си поиграме.

(кликни на книгата)

Ете така се изнаигравме. Сега ќе ве носам во зеленчуковата градина на дедо Ристе. Неговата градина е полна со  зеленчук. Погледнете како срамежливо ни се смеат црвените домати и пиперки.  Чекаат да ги скине раката на баба и дедо и од нив да направат вкусен ајвар. Ајде не се срамете. Слободно прошетајте низ градината погледнете колку многу зеленчук има!

 

Како ќе ја запознаете есента ако ја прескокнеме најслатката градина на баба Бојана. Овошната градина на баба Бојана. Дедо Ристе секогаш ја задева баба Бојана дека неговата градина е подобра и поубава, а  неговиот зеленчук повкусен и поздрав. Ајде! - Ајде слободно растрчајте се низ градината, скинете  од овошјето засладете се а потоа кажете што е поздраво и повкусно- зеленчукот на дедо или овошјето на баба.

(кликни на книгата)

     

За крај ќе ве однесам во блискиот парк да ве запознаам со моите другарчиња.

Додека сонцето пополека се задскриваше зад тмурните есенски облаци  трите дечиња уживаа во шушкањето на сувите лисја. Со ножињата ги расфрлаа лисјата кои се беа распослале како златно-жолт килим. На нивната радост им немаше крај. Одеднаш Илма зачудено извика: Погледнете го она еже, на неговите боцки си прикачило јаболка и суви лисја.

  Тоа се моите шумски пријатели. Ежето прибира храна за зимските денови.  Ене ја и верверичката Румена и таа збира оревчиња и лешници и ги носи во својот дом.Тие се животинки кои ја преспиваат зимата. Во своите скривалишта собираат храна и суви лисја за да можат да се прехранат преку зимата а и да им биде топло.

 

И зајачето и срнчето збираат храна за во зима? - праша Селма. Не зајачето и срнчето не збираат храна, но затоа кога зимата ќе го прекрие полето и шумата со бел снежен килим тука се чичковците ловџии кои им оставаат храна за да презимат. А може и ние да им оставаме храна на зајачето и на срнчето? - љубопитно праша Енес.

 

Секако дека можете. Но треба да бидете или со вашите родители или со чичкото ловец бидејќи во зима не се гладни само зајачето и срнчето туку и кумчо волчо и итрица лисица.

На носето на Илма падна една студена дождлива капка, па уште една и уште една...... Најдобро ќе биде да побрзате  и да се вратите  во вашата училница.  А ти? - Каде ќе одиш ти? Зошто не доаѓаш со нас? - праша Селма, зарем ќе останеш на дождот.          

Јас! Не грижете се за мене!  Јас ќе продолжам да си играм со Ветерко, ќе им се придружам на  моите браќа и сестри и ќе најдам нови другарчиња да им раскажувам за есента.

Зорка

(кликни на книгата)

Од нашата работилница.

            

 

 

                      

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  May 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz