содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 108

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Friday, 2024-04-26, 12:22 PM



Здраво!                            

                                                                                       Еве не пак во ботаничката градина!

Денес со Елма ќе ве запознаеме што се му е потребно на  цветчињата во нашата градина  за да растат. Но пред да почнеме со прошетката и разгледувањето по нашата ботаничка градина, сакам нешто да ви кажам. Нешто што го слушнав во  училницата од нашата наставничка. Постоела жива и нежива природа!

Се прашувам каква е таа нежива природа?

Можеби вие знаете?

Неживата природа се Сонцето, водата, воздухот, почвата. Нежива природа е затоа што не се раѓа, не се развива, не умира, нема потреба да се храни и не дише. Таа не зависи од нас, но затоа ние не можеме без неа. Ох јас толку се зазборував што заборавив да ви се преставам и да ви кажам што ќе работиме денес. Па вака:

Ха па тоа е барем лесно! Основните делови на растението беа: КОРЕН, СТЕБЛО, ЛИСТ, ЦВЕТ, ПЛОД И СЕМЕ. Продолжуваме!!!

Значи на живата природа и е потребно храна, вода, воздух, светлина и топлина, затоа што таа се раѓа, расте и размножува и на крај умира. За да го помине сето ова треба да се храни, да дише и да пие многу вода, а да не заборавиме и многу сончева светлина и топлина.

Што заклучивте? Кој се спаѓа во живата природа?

 

ЧОВЕКОТ, ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА.

Да ја разгледаме сликата подолу и да ги утврдиме потребните услови за животот на нашето цветче.

Да почнеме најпрво од водата. Водата растенијата ја впиваат од земјата. Таа во земјата доаѓа од дождот, снегот или кога човекот наводнува. Разгледајте ја сликата а потоа размислете што друго освен вода влече коренот од почвата?

Кога паѓа дождот водата ја расквасува земјата и ги раствора минералите и солите во почвата, така коренот покрај вода влече и хранливи материи од почвата.

Зошто во зима растенијата не растат? Што е причина во пролет да развиваат сите растенија? Дали Сонцето има иста топлина во зима и во пролет? Кога доаѓа пролетта Сонцето е поблиску до Земјата затоа сончевите зраци се потопли.  Тие ја затоплуваат почвата и така создаваат услови за да можат растенијата да растат.

 Што мислите, зошто растението кое не се наоѓа покрај прозорецот не е пораснато толку високо? Знаете ли вие деца дека ние најмногу растеме во пролет и лето! Тоа Сонцето со своите зраци не гали, ни дава потребна сила за да можат нашите коски да се должат. Истото тоа го прави и со растенијата.

И на крај да не го заборавиме воздухот! Интересно е за растенијата што во исто време се и загадувачи но и прочистувачи на воздухот. Ако паметите растението дише преку листовите, но во исто време во нив создаваше и храна и зелена боја. За да може да живее дише како нас и од воздухот го користи КИСЛОРОДОТ,но кога ја создава храната користи ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД  а испушта КИСЛОРОД, на тој начин го прочистува загадениот воздух.

Пред крајот на нашето патување низ нашата ботаничка градина да донесеме заклучок:

Истражувањата од Петар нека бидат вовед за наредната прошетка по нашата ботаничка градина!

За да ви биде поинтересно отворете го овој линк:

 

кликни на цветот

погледнете како се пренесува водата низ сите делови на растението:

 


 

 

/rastenija/uslovi_za_zhivot_na_rastenieto.pdf


СЕ ГЛЕДАМЕ СО АКТИВНОСТИ ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!

 

 

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2024   Site created in uCoz