Денес имав навистина интересен ден во училницата на вредните пчели.
Кој ќе веруваше дека една љубов помеѓу еден Даре и една Весна ќе не однесе до магнетот. Е па вака беше! Даре и Весна се во исто одделение. Сите забележуваат дека нешто чудно се случува помеѓу нив. Еве на пример кога Даре ќе ја види Весна почнува да пелтечи, а кога Весна ќе го види Даре во лицето станува црвена како божурика.
Ама секогаш се во непосредна близина еден до друг. Сите ги забележаа скришните погледи кои си ги праќаат на час, дури и наставничката го забележа тоа. Е ученици Даре и нашата Весна - песна се како два магнети. Помеѓу нив има силен магнетизам.
Малите пчелички зачудено се погледнаа и почнаа да се прашуваат меѓу себе: Што е тоа магнет? Што е наставничке тоа магнетизам? И ете се почна така!!!!
За се што научивме ќе дознаете и вие, а тука се Анела и Даниел да ве водат и подучуваат низ светот на магнетните сили
Овие црвени потковици кои ги имаме во нашите раце се магнети.
Постојат различни облици на магнети. Најчесто се среќаваат потковичест магнет како овој во нашите раце и магнет во вид на прачка.
Магнетот е метал кој има својство да привлекува други метали. Но не сите, само оние кои имаат магнетни својства. Така железото, кобалтот и никелот се магнетизирачки метали. Секој метал кој во себе содржи од овие метали може да биде привлекуван од магнетот.Всушност магнетот е челик, а челикот е легура на железо. Сигурно се прашувате како го добил името МАГНЕТ! За прв пат магнетот бил откриен во местото Магнезија во Мала Азија и тоа пред неколку векови пред нашата ера. Рудата која ја пронашле се викала МАГНЕТИТ. Таа била природен магнет која имала магнетни својства. Додека сите други магнети се вештачки создадени како легури. Треба да знаете дека планетата Земја е најголем природен магнет.
ЛЕГУРА!?!?!?
Што ли е тоа????
Легурата е смеса од два или повеќе метали. Некогаш таа смеса е од два метали а некогаш може да биде смеса од еден метал и еден неметал. Или тоа е исто како кога мама прави торта па во садот става брашно, шеќер, јајца и така прави смеса.
Секој магнет има два пола Северен и Јужен магнетен пол, магнетни сили и магнетно поле во кое се јавува магнетизмот односно во тоа поле има привлекување на металите. Северниот магнетен пол секогаш се обележува со буквата N (првата буква од зборот север на англиски јазик NORTH) и е преставен со црвена боја. Додека јужниот магнетен пол се обележува со буквата S (првата буква од зборот југ на англиски јазик SOUTH) и е преставен со сина боја. Магнетните сили го формираат магнетното поле и секогаш се движав во насока од север кон југ.
Во магнетното поле се јавува невидлива привлечна сила наречена МАГНЕТИЗАМ - слична како онаа помеѓу Даре и Весна. Секој метал е составен од атоми (честици) кои преставуваат мали магнети. Кога на нив не се делува со магнетна сила тие атоми се движат неопределено - слободно - во сите правци. Штом на нив се делува со магнетна сила магнетните атоми се распоредуваат во права линија, така што северните краеви на магнетните атоми се насочени кон север а јужните краеви се насочени кон југ.
Треба да знаете дека кога приближувате два магнети тие ќе ви се одбиваат доколку ги доближувате со исти полови. Така од нашето истражување увидовме дека два северни магнетни пола се одбиваат, исто важи и за два јужни пола.
Но кога доближавме два спротивни магнетни пола северен и јужен тие силно се привлекуваа.
Кога веќе истражуваме за магнетот треба да ја видиме и неговата примена.
Магнетот пронашол широка примена во секојдневниот живот на луѓето. Сигурно сите знаете за КОМПАСОТ. Без него не би можеле ниту авијатичарите, ниту морепловците ниту пак планинарите и малите извидници. Компасот личи на часовник на кој се обележани четирите главни страни на светот. Во средината има магнетна игла која секогаш покажува правец СЕВЕР - ЈУГ. Со него многу лесно можеме да се ориентираме во просторот, да ги определиме страните на светот и кога одиме на излет во блиската шума лесно да се снаоѓаме и да не залутаме.
Магнетот се употребува и во изработката на телевизори и компјутерски монитори, звучници и микрофони, електромотори, генератори, трансформатори. Во кредитните картици на едната страна е внесена магнетна трака на која се внесени кодирани податоци. Магнетот нашол примена во изработката на украсен накит и да не заборавиме денес тој се употребува во медицината. Болниците го користат за магнетна резонанца (снимање) преку која се откриваат најразлични болести во нашиот организам.
И за крај нешто што го научивме од нашето истражување. Никогаш не го доближувајте магнетот до компјутерскиот монитор, телевизорот или мобилниот телефон доколку сакате да ви бидат исправни. Зошто, тоа ќе ви препуштиме вас да размислите користејќи ги стекнатите знаења за магнет.
Секогаш имаме мали сезнајковци кои се постојано гладни за нови информации. Токму затоа малку пребаравме во нашата библиотека, по енциклопедиите и ги одбравме следниве занимливости и за нас и за вас!
ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА НАЈГОЛЕМ ПРИРОДЕН МАГНЕТ
МАГНЕТОСФЕРА И ПОЛАРНА СВЕТЛИНА
ПТИЦИТЕ И МАГНЕТНИТЕ СИЛИ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Од нашата работилница!