Денес е многу весело во училницата на пчеличките. Се слуша смеа и џагор.
Многу сум љубопитна да видам што се случува? Чудно?! Сите се облечени во смешни костими, како да се на некаков маскенбал?
Еве ги Јована и Димитриј, сигурно ќе ми кажат што прават. Каква е оваа забава? Зошто сте сите маскирани?
Денес имаме ревија на маски по повод на нашиот верски празник Прочка – важно рече Димитриј
Каков празник е тоа? Како се прославува?
Празникот Прочка или уште познат како Велики Поклади е дел од нашата традиција - почна да објаснува Јована. На овој ден помладите, децата одат кај повозрасните, кај нивните родители и бараат нивна прошка доколку нешто им згрешиле. Помладите се обраќаат со зборовите „прости ми“ а постарите им возвраќаат со зборовите „простено нека ти е од мене и од Бога“. на овој ден семејствата се собираат на семеен ручек кој завршува со традиционалното амкање со варено јајце. Вареното јајце се врзува за конец над трпезата и се завртува над главите над децата. Детето што ќе успее да го гризне вареното јајце се прогласува за најсреќно во следната година и истото добива награда. Една од најубавите работи на овој празник е преоблекувањето и маскирањето на кое ние децата најмногу се радуваме. Затоа денес ние во нашата училница сме преоблечени и маскирани. А сега мораме да одиме бидејќи почнува ревијата на маски!!
ЗАБАВАТА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ!!!!
|