Денес во нашата училница врие како во кошница! Имаме гости, нашите другарчиња од централното училиште од Житоше. На два дена сме пред празникот на мама, затоа вредните рачиња се здружија и направија прекрасни честитки за нивните мајки.
Знаете ли кој е празникот на мајките? 8 МАРТ!!!
Но немојте да заборавите дека и нашите баби, вујни, тетки и стрини се мајки. Затоа не заборавајте да им кажете по некој убав збор.
И оваа година празникот на мама не зближи, не собра на едно место, не поттикна да твориме да пееме и да се дружиме. Традицијата ја повторивме во училницата на вредните пчелички. Нови првачиња вредни како пчелки, но и ние постарите поголеми од лани за една педа успеавме и оваа година пријатно да ги изненадиме нашите мајки со разнобојни цветни честитки изработени од нашите вредни рачиња.