содржини

      
Our poll
Rate my site
Total of answers: 73

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0







             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


http://pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ http://pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Monday, 2018-07-23, 8:37 PM



Си седам и си се мислам?! Ако Ана изеде 3 парчиња торта, Адис зеде 3 парчиња торта за него и за Јусуф, Мелиса зеде 4 парчиња за неа  и за другарките  а Лејла со Весна зедоа по 2 парчиња од тортата, тогаш сто по сто  се изеде целата торта и не остана за мене ништо?

А јас те слушам и си се чудам како тоа сто по сто, сигурно мислеше дека

100 проценти  се изеде тортата.

Ах! Заборавив да ви се преставам!

Оној погоре е Даре кој задоцни на роденденот на Анела, па сега пресметува кој ја изеде тортата и не остави парче за него. А, јас! Јас сум ПРОЦЕНТОТ. Оној за кого Даре вели сто по сто.

И јас бев поканет на роденденската забава. Вредните пчели многу ме засакаа после денешното дружење со мене. Искрено, на почетокот ниту едно од нив не ме сакаше! Ама, не од што не сум личен! -  туку затоа што не ме разбираа добро. Благодарение на нашите другарчиња од училиштето за пчели се добро се заврши.

Не си заминувајте! Денес навистина сум расположен за раскажување и дружење. Еве и со вас ќе се дружам. на пример ќе ви раскажам  како  се запознаа пчелките со мене.Беше вака:

На часот по математика наставничката на таблата запиша ПРОЦЕНТИ. И почна да им објаснува на моите другарчиња се за мене. Но многу брзо на нивните лице се појави досада ама и прашалници. Веднаш сватив дека нешто не е во ред и дека не ме разбраа најдобро.

 

Погледни ги! Навистина делуваат изгубено!   Мислам дека не те разбраа најдобро. Ќе мора да сториш нешто за да те засакаат.

И јас така мислам!  

Не само што не те разбра Јусуф добро, туку мислам дека и Вили ја има истата мака. Предлагам да им се јавиме на нашите другарчиња од училиштето за  пчелки.

 

 

Време е повторно да не посетитите! Јас сум!  ПРОЦЕНТОТ! Не сакам да бидам неомилен и без другари.

                                                                               

    

Повторно одиме во посета на вредните пчелички!

 

 

Пред да ви покажеме како ние пчелките ги решаваме задачите со проценти малку да се потсетиме што преставуваше процентот. 

 

Да ја искористиме тортата на Даре и да видиме како ќе го употребиме процентот.

Најчести грешки кои ги правите е тоа што мислите дека 100% секогаш мора да биде цело кое е поделено на 100 делови. Да разгледаме неколку примери кои ќе ви покажат дека не е така.

       

Да разгледаме неколку примери како процентите можеме да ги поврземе со дропките и децималните броеви. Тоа ќе ви помогне при решавање на задачите со процентите.

Еве првиот пример е со четвртини. Една четвртина е еднакво на 25% затоа што 100 кога го делиме со 4 добиваме 25 или од стотте парчиња торта 25 парчиња од нив прават 25%.

 

Вториот пример  е со петтини!

 

 

За оние кои сакаат повеќе да решаваат еве пример со третини. Користејќи ги податоците можете да составите задача сами.

 

 

Сега е време да ви покажеме како ние пчелките  имаме своја стратегија за решавање на задачите со проценти. Секогаш кога почнуваме да ја решаваме задачата целото го делиме на десет дела - десеттини или 10%

 

Користејќи ја поделбата на десеттини да пробаме заедно да ја решиме првата задача.

 

 

 

 Задачите стануваат инетресни и многу полесни!

Да решиме уште една!

 

 

За полесно да се снаоѓате околу процентите, дропките и децималните броеви ви ја подарувам оваа табела. Користете ја секогаш кога ќе решавате.

             

            ОД НАШАТА РАБОТИЛНИЦА!  

 

 

 

Од мене толку! Се надевам дека успеавме да ви појаснеме повеќе околу процентот.

Aх! Ќе заборавев! Да не го мислите Даре. Анела зачувала едно парче торта и за него.

       

Log In
             
...
                   
Search

         
angelkabarakoska@gmail.com
    
Calendar
«  July 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
            


               


                     

                                

      
                        


     



     
                      



  



                                                                                          
 Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2018   Site created in uCoz