содржини

      

        
Our poll
Rate my site
Total of answers: 111

      

        
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

      






             
  

         



               


           

                                       
Home

Sign Up

Log In
 



Welcome Guest | RSS


//pcelki.ucoz.com/flying-bee.gifВРЕДНИ ПЧЕЛИ //pcelki.ucoz.com/flying-bee1.gif
  

Tuesday, 2025-07-01, 4:33 PM



                              

Темел на секоја држава па и на светот во целина се децата.

Децата се наша иднина во која несебично треба да вложуваме. Тие се нешто на кое треба да му пристапиме со посебно внимание. Во процесот низ кој поминуваат за да стасаат до една изградена личност врз нив делуваат голем број на фактори. Тука се семејството, друштвото, училиштето, средината, мас медиумите....Токму кај овие фактори не секогаш се имало еднаков и позитивен третман на децата. Гледајќи низ историјата на назад, социјалните ставови кон децата не биле секогаш во насока на заштита на детето, тие се менувале но и се разликувале од една до друга држава. Заштитата на децата од злоупотреба се смета за важна современа цел. Ова ја вклучува и заштитата на децата од експлоатација, како што е детскиот труд, трговијата со деца и продажбата, детска сексуална злоупотреба, вклучувајќи детска проституција и детска порнографија, искористување на децата за воени цели и нелегалните посвојувања . Во таа насока а со цел да се заштити правото на секое дете  на 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Денес на овој ден и ние вредните пчелички се приклучуваме со свој придонес и посакуваме силно да се слушне нашиот детски глас, да ни се помогне да се избориме за нашите права, да се помогне да се спасат многу детски животи, да ни се подобрат условите за живот, за игра,за смеа.....

Денес тоа го демонстриравме преку заедничка соработка со нашите поголеми другарчиња од СОУ„Ѓорче Петров“. Заедно се дружевме, ние прашувавме а тие не подучуваа како да се најдобрите наставници.

 

Се за нашето тело. Идните медицински сестри не водеа низ тајните на човековото тело.

 

Секој подеднакво уживаше во својата улога. Ние како ученици гости тие како подучувачи домаќини.

 

А некои од нас  си заминаа и со нови фризури од дружбата со нашите поголеми другарчиња од фризерската струка.

И за крај нашите домаќини не потсетија дека само во здраво тело може да има и здрав дух.

  Ние сме само деца, во нас бие невино детско срце на кое му е потребно многу љубов

Благодарност до СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, стручните наставници Петра Лукароска и Даниела Јорданоска кои ни помогнаа во да се реализира оваа средба.

Log In
             
...
       


       
Search
             
Calendar
«  July 2025  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
             
Site friends
  • Create a free website
  • uCoz Community
  • uCoz Textbook
  • Video Tutorials
  • Official Templates Store
  • Best Websites Examples
  •         










                 





                                                                                              
     Copyright MyCorp © Сите права се задржани! 2025   Site created in uCoz