ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ
Драги дечиња!
Кој пред спиење ви раскажува убави бајки и сонот ви го прави лесен и мирен? Дали сте слушнале за Снежана и седумте џуџиња за Пепелашка, Трнорушка, Мачорот во чизми, Волшебните зрна грав........Сте посакале ли да бидете како принцезите, волшебниците, храбрите витези од бајките? Сте посакале ли во своите мали рачиња да имате волшебно стапче со кое тиквата ќе ја претворите во прекрасна кочија, ќе оживеете некое огледало, да се претворите во прекрасен лебед......
.
Денес драги дечиња ќе се запознаете со едно храбро девојче кое успеа да го победи лошиот волк и да ја спаси бабата од неговиот гладен стомак. Ајде да ја прочитаме!
ЦРВЕНКАПА
кликни на книгата
Потрудете се да одговорите на следниве прашања!
- Како се вика девојчето во приказната?
- По што го добила името?
- Дали препознавте нешто волшебно во оваа приказна?
Ваквите литературни творби во кои се зборува за волшебни предмети, појави или за некакви измислени суштества со натприродна моќ се викаат бајки или сказни.
Во сказните се сретнуваат: самовили, џинови, џуџиња, вештерки, растенија, волшебни предмети како стапчиња, масички, ламби, грнчиња.....
Најпознати творци на бајки се браќата Грим и Х.К.Андерсен. Потрудете се да прочитате некои од нивните бајки, како што се „ГРДОТО ПАЈЧЕ“, „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“, „ ПЕПЕЛАШКА“, „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ ...........
Задача за малите првачиња!
Умните главчиња во второ и трето одделение имаат задача да направат постер ѕвезда на бајката!
од нашата работилница