На само 35км од градот Прилеп во општината Долнени се наоѓа мало село наречено Локвени. Во него живеат многу вредни и љубопитни дечиња, желни за игра, учење и дружење. Нивната наставничка ги вика малите ЗОШТО, КАКО, КОГА.... Секој ден доаѓаат во своето весело училиште каде ги бараат одговорите на своите прашања. Нивното училиште е мало но весело. Тоа е подрачно училиште на ЦОУ „ЛИРИЈА“во селото Житоше. Како пчелички секој ден долетуваат првачиња, вторачиња и третачиња и ја полнат училницата, која пак кога ќе ги види ја облева топлина и радост. Секој ден врие како во кошница, трчаат, играат, се смеат и радуваат но и совладуваат нови знаења. Секој ден се исправаат пред нови предизвици, рушат нови бариери.
Заедно слават многу празници! Јадат вкусни баклави и подаруваат подароци за Бајрам, вапсуваат црвени јајца и си поклонуваат еден на друг кога е Велигден. Заедно му пеат на Дедо Мраз и чекаат подароци кога е Нова Година.Секојдневно учат дека во светот постојат многу деца кои меѓу себе се разликуваат по полот, верата, јазикот, изгледот. Но сите тие имаат слични или исти желби. Многу разлики но исти потреби: да бидат сакани и ценети од родителите, од наставникот, од своите другарчиња.
СВЕТОТ Е ПОУБАВ КОГА ВО НЕГО ИМА РАЗЛИЧНИ ЦВЕТОВИ!!!!