THINK, ACT and LEARN - МИСЛИ, ДЕЛУВАЈ И УЧИ
Нашиот проект има за цел да ги постигне целите на часовите за животни вештини преку креативната драма, осигурувајќи активно учење. Задолжителноста на часовите за животни вештини, кои природно вклучуваат многу примери од реалниот живот и секојдневните искуства, интегрирањето на креативната драма во часот ќе го направи наставниот процес забавен и запаметлив. Применувањето на методот на креативна драма во часот нема да биде само забавно, туку и лесно и трајно. Со ученичко-центриран пристап, целта ни е да ги поддржиме нивните учења преку креирање и искуство, обезбедувајќи забавни и пријатни едукативни активности пријатни за децата. Со користењето на лесно достапни костими и материјали, имаме задача да го засилиме нивното образование.
Интересни работилници на часовите по ликовно образование, животни вештини и македонски јазик. Учениците имаа можност да ја покажат својата креативност во изработка на костими за драмскиот текст Принцезата од џунглата кој прерасна во заедничка видео претстава во која секој од учесниците ги покажа своите актерски способности.
Принцезата од џунглата е драмски текст кој зборува за загриженоста на принцезата, малото девојче од џунглата, за загрозените видови диви животни на кои им е одземен домот поради човековата негрижа и постои опасност од нивно изумирање и исчезнување од планетата Земја.
За да се изполнат поставените цели учениците мораа да остварат повеќе креативни работилници во кои изработуваа костими, глумеа и учеа како да снимаат и да прават кратки видео филмови и да направат повеќе средби со своите другарчиња од Турција и Србија преку виртуелните училници на Е Твининг платформата.
Во исто време преку медиумска писменост се учеа како да бидат заштитени и безбедно да го користат интернетот.
Учесници во проектот се наставници и ученици од
РС Македонија ООУ Блаже Конески - петто 3 одд. наставник Ангелка Баракоска,
Србија ( OŠ "14.oktobar", Barič) наставник Слаџана Бајчич
Турција (ARNAVUTKÖY ŞEYH ŞAMİL İLKOKULU) наставник Елиф Актан